Критична година во секој брак: Ако ова го надминете, засекогаш ќе останете заедно!

За жал, не сфаќаат сите парови дека за среќен семеен живот е потребен труд на двајцата партнери. Поради тоа, од 2,1 милион бракови дури 950 илјади завршуваат со развод. Со цел да им помогнат на брачните парови, адвокатите од фирмата „Slater i Gordon“ направиле истражување и откриле која година од бракот е најсреќна, а кој период од брачниот живот е најтежок.

Трета година

Постои верување дека љубовта трае најдолго три години. Тогаш двојките се разделуваат бидејќи ситуацијата воглавно не е баш идеална како претходно. Во реалноста, после три години брак, луѓето се подготвени да ги прифатат маните и слабостите на партнерот, и заедничкиот живот им станува многу полесен и поубав. Исто така, третата година од бракот е најчест период кога паровите се одлучуваат да добијат дете. Поради тоа нивната врска станува силна, и тоа е причината поради која се верува дека третата година од бракот е најсреќна.

Петта година

Првите проблеми почнуваат во петтата година од заедничкиот живот. Во текот на овој период, децата уште се мали и бараат доста грижа и внимание. Тоа е многу тешко да се усогласи со работата и одржувањето на куќата, да не ги споменуваме и секојдневните проблеми. Во повеќето случаи, токму поради тоа после пет години брак луѓето се обраќаат до адвокати и покренуваат бракоразводна парница, што петтата година од бракот ја прави најкритична година и најтежок период во заедничкиот живот.

Седма година

Ако парот остане во брак после пет години, ги чека уште едно големо искушение. Седмата година од бракот експертите ја нарекуваат „ѕид“. До овој момент , семејниот живот веќе станува рутина. Може да дојде и до финансиски несогласувања, проблеми околу децата и караници околу поделените домашни работи. Овој период е исклучително комплициран, но ако сопружниците низ него поминат заедно, се верува дека ги чека долг, среќен и стабилен брак.