Круг на вистината на Ностардамус: Поставете прашање, „допрете“ број и ќе го добиете најточниот одговор

Добивај вести на Viber

Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус, бил лекар, алхемичар и астролог, но на целиот свет му станал познат благодарение на неговите пророштва.

Велат дека и тој го дизајнирал овој круг, иако за ова нема релевантни докази. Затоа, сфатете го ова како игра и забавувајте се.

Што треба да направите?

Затворете ги очите, концентрирајте се на прашањето што ве интересира во моментот и втурнете го прстот во областа на кругот. Погодениот број е - одговорот на вашето прашање.


1. Да. Вие припаѓате на оние луѓе кои не губат присебност, дури и во најтешките ситуации. Затоа, не се откажувајте од решавањето на вашите проблеми, бидејќи на залиха имате издржливост и трпение. Ве очекува успех. Имајте доверба во себе, и во другите.

2. Да. Но, не денес, а ниту утре. Некој ви стои на патот и се обидува да ве збуни. Не го сфаќајте премногу сериозно. Но, не го потценувајте ниту тој отпор. Избегнувајте конфронтација. Обидете се да најдете позитивно решение за вашиот проблем.

3. Да. Настаните во наредните денови ќе ги надминат вашите очекувања. Ако почнете паметно да ја користите вашата енергетска резерва, а не да ја трошите на непотребни работи, предноста ќе биде на ваша страна. Во секој случај, имајте трпение и издржливост, и со себе и со другите.

4. Да. Во овој момент се чини дека среќата ви се насмевнува. Затоа, нема причина да се сомневаме во позитивниот исход. Среќата ќе ве следи уште долго. Уживајте во овие среќни недели.

5. Точно. Во овој момент обрнувате премногу внимание на мислењето на другите и затоа пропуштате пријатна ситуација. Не чекајте премногу долго, дајте им до знаење на другите дека треба да ве почитуваат вас и вашето мислење. Малите тактички игри само доведуваат до конфузија и ја оштетуваат меѓусебната доверба.

6. Сè ќе оди малку потешко отколку што очекувате. Поаѓате од погрешни претпоставки. Другите луѓе го гледаат во многу поинакво светло. Затоа е исклучително неопходно да се слушаат добрите совети на блиска личност, а не да се подлегнува на лажни надежи.

7. Прашањето засега не е решливо. Дајте си време и не ја пополнувајте главата со незрели проблеми. Обидете се да уживате во моментот. Сè ќе се реши подоцна.

8. Внимателно. Обидете се да не верувате во се што ќе ви кажат. Одржувајте одредена дистанца во некои работи. Денес сè околу вас изгледа поповолно отколку што навистина е. Бидете внимателни и внимавајте да не се чувствувате разочарани подоцна.

9. Без сомнение. Но, ќе ви треба помош. Разговарајте со добар пријател за проблемите што ве мачат, бидејќи тој е објективен и - и потрезно ќе гледа на работите.

10. Да. Но, не дозволувајте да ве доведат во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност, а потоа се ќе биде совршено во ред. Во овој момент, можете целосно да се потпрете на вашата интуиција. Подоцна нема да доживеете ни најмало разочарување.

11. Прашањето е поставено прерано. Оставете го засега, уште не е „зрело“.

12. Многу е можно. Сè напредува многу побрзо и попозитивно отколку што сте замислиле. Важно е да не се обидувате да оставите впечаток на незаинтересирано лице. Обрнете внимание: некој искрено се обидува да стане ваш пријател.

13. Сè ќе се случи  според планираното. Те сакаат повеќе отколку што мислиш.

14. Се ќе биде добро. Но, само ако вие самите покажете активност. Сè е дозволено, но не - одолговлекување. Преземете ја иницијативата во свои раце и изненадете ги сите со вашата ефикасност и богатство на идеи.

15. Да, можете да се потпрете на вашата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега не треба да измислувате ништо, само почекајте. Избрзаните постапки ќе ве одведат во погрешна насока и може да ви наштетат.

16. Сите надежи ќе се исполнат. Но, апсолутно поинаку отколку што замислувавте. Затоа, бидете спремни за какви било промени и не се концентрирајте само на единствената зацртана цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ниту еден аргумент.

20. Да. Во овој момент среќата е на ваша страна. Затоа, нема причина да се сомневате во поволен исход. Долго ќе уживате во среќниот 


Извор:najzenars