Кубанците Фламенко Екос главна атракција на јубилејниот Фестивал на музика од светот во Битола

Добивај вести на Viber

Од 16-ти до 18-ти ноември, во Битола ќе се одржи јубилејното издание на
интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е
Центарот за култура Битола.
Ова е една од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во
градот во текот на годината, на која досега настапиле Ричард Галијано,
Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза
Салгуеро, Карсу Домнез,Исмаил Лумановски и други.
Фестивалот ќе го отвори македонската група Синтезис, публиката ќе може
да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе
биде групата Фламенко Екос од Куба.

Оваа група е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и
музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и
промоцијата на фламенго уметноста.
Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и
препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни
педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со
фламенго како Кристина Хојос, Ева Јербабуена, Маноло Марин, Израел
Галван, Хавиер Барон, Герардо Нунезес , Сегундо Фалкон, Антонио Коронел,
Хуан Хозе Амадор во рамки на семинарите за фламенко во Хавана,
организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта.
Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни
театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали,
национални и интернационални настани: Фестивалот: Трагите на Шпанија,
Интернационалниот Танц-фестивал на Стара Хавана: Град во движење,
Иберо-американскиот празник за култура, Меѓународниот фестивал на
театарот, Фестивалот: Алабанзас, Ромерија де Мајо, Денови на танцот и
национални турнеи со презентации во сите театри во земјата. ЕКОС, исто
така има и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и
Кувајт.
Од 2009 година, првата балерина и кореограф, уметнички директор и
основач Ана Роса Менесес заедно со музичарот, пејач, музички директор и
основач Мигуел Чавез, почнуваат свесно креативно пребарување низ
шпанскиот и кубанскиот свет и откриваат нови експресивни и уметнички
полиња покажувајќи резултат од истражувачкиот процес кој резултираше со
вградувањето на јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната
музика на Куба и различни жанрови на фламенко.
Фламенко Екос ќе настапат на 18-ти ноември.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.
Светот во Битола, Битола во светот-јубилејно издание на Фестивалот на
музика од светот.