(ФОТО) Кубанците ја разиграа публиката, а селекторот на фестивалот го донираше хонорарот

Добивај вести на Viber

Заврши и јубилејното издание на Фестивал на музика од светот. Битолската публика имаше можност да ужива во фантастичните концерти на Синтезис, The Quartet, и Фламенко друштвото Екос-Куба.

Кубанците ги разиграа Битолчани, посебно кога после цела таа егзотика кое фламенкото како стил ја носи во себе, ја изненадија публиката со инструментална изведба на „Слушам кај шумат шумите“ и играњето на оро заедно со присутните во салата.

Инаку оваа танцувачка компанија е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.

Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со фламенго како Кристина Хојос, Ева Јербабуена, Маноло Марин, Израел Галван, Хавиер Барон, Герардо Нунезес , Сегундо Фалкон, Антонио Коронел, Хуан Хозе Амадор во рамки на семинарите за фламенко во Хавана, организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта.

Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали, национални и интернационални настани: Фестивалот: Трагите на Шпанија, Интернационалниот Танц-фестивал на Стара Хавана: Град во движење, Иберо-американскиот празник за култура, Меѓународниот фестивал на театарот, Фестивалот: Алабанзас, Ромерија де Мајо, Денови на танцот и национални турнеи со презентации во сите театри во земјата. ЕКОС, исто така има и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт.

Од 2009 година, првата балерина и кореограф, уметнички директор и основач Ана Роса Менесес заедно со музичарот, пејач, музички директор и основач Мигуел Чавез, почнуваат свесно креативно пребарување низ шпанскиот и кубанскиот свет и откриваат нови експресивни и уметнички полиња покажувајќи резултат од истражувачкиот процес кој резултираше со вградувањето на јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.

За крај на оваа убава музичка приказна, селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски од групата Љубојна одлучи оваа година својот хонорар за селектор на фестивалот да го донира во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.

Неда Маретиќ

Фото: Димитар Петковски