Кучето Зиги е вистински херој: Намириса дека под урнатините има живи луѓе, спаси и девојка која бeше заробена 108 часа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ова прекрасно куче има само девет години и е белгиски овчар, а како што објаснуваат од Министерството за внатрешни работи во Србија, тренирано е и квалификувано да бара и спасува живи луѓе од урнатините

Популарното куче Зиги, кое моментално е во спасувачкиот тим на Србија и помага во пронаоѓање луѓе по земјотресот во Турција, намириса жив човек и ги потврди сомнежите на пожарникарите.

View this post on Instagram

A post shared by (@mupsrbije)


„Пожарникарот Зиги уште еднаш покажа зошто го сметаме за рамноправен член на Специјалистичката екипа за спасување од урнатините на Секторот за вонредни ситуации на МВР.

Зиги помириса жива личност и со тоа ги потврди сомнежите дека под урнатините има лице кое дава знаци на живот. Во моментов локалните спасувачки служби работат на извлекување луѓе“ - соопштија од Секторот за вонредни состојби на МВР Србија.

View this post on Instagram

A post shared by (@mupsrbije)


Водачот на специјалниот тим на спасувачи на МВР на Србија, Давор Видовиќ, зборувајќи за претходната операција за спасување на девојче кое 108 часа било под урнатините на седумкатница во Турција, изјави дека нивното дресирано куче посочило дека под бетонот има преживеани.

View this post on Instagram

A post shared by  (@mupsrbije)


Според последните информации, повеќе од 33.000 луѓе загинале во земјотресите што минатиот понеделник ги погодија Турција и Сирија, а тој број се очекува да се зголеми бидејќи спасувачките тимови постојано наоѓаат тела во урнатините.

Извор: 24sedam.rs