Лазарките од Вевчани го навестија Велигден: Вековна традиција за восхит (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Препознатливото и уникатно Вевчани покрај Вевчанскиот Карневал, има уште една вековна традиција, а овојпат за Лазарева сабота

Девојки од КУД „Дримкол Вевчани“ облечени во традиционална вевчанска носија, шетаат од врата на врата во домовите на Вевчанци, собираат јајца и го навестуваат доаѓањето на најголемиот христијански празник Велигден.



Тие громогласно ја пеат песната „Ој, Лазаре, Лазаре“, а ваквата глетка е навистина за восхит.


Оваа традиција се почитува и низ други помали места во Дримколскиот крај.


*Д.Караташова Илиоска