Легендарниот комичар пронајден мртов во својот стан

Легендата на комедијата Фреди Стар на 76 годишна возраст е пронајден мртов во својот стан во Коста дел Солу. Извори од полицијата известуваат дека нема никакви знаци кои би асоцирале на насилна смрт, пренесува „Тhe Sun“.

Познато е дека актерот имал астма и проблеми со срцето. Се очекуваат резултатите од обдукцијата во Институтот за судска медицина во Малаги, за да се утврди точната причина за настанувањето на смртта.

Фреди беше познат актер и една од најголемите ѕвезди во периодот од 1970 до 1990 година. Неговите обожаватели го сакаа неговото чудно, диво и непредвидливо однесување. Глумеше во емисијата „Celebrity Get Me Out Here“ во 2011 година, само година дена подоцна после опоравувањето од срцевиот удар што беше го преживеал.