Легендарниот Пол Мекартни ја поддржа вакцината против ковид-19: Ќе ја прими веднаш штом ќе дојде на ред

Ништо не остава на случајноста

Легендарниот музичар Пол Мекартни, светска ѕвезда кој беше дел од легендарните „Битлси“ издаде уште еден соло албум. Овој албум е 18-ти по ред, во низата. Пред неколку месеци, пејачот изјави дека овој албум се подготвувал за време на „локдаунот“ којшто се случи поради пандемијата од корона вирус.

Иконата на поп-рок културата последниот албум го издаде на 78 години.

Инаку, тој лесно ја поддржа британската кампања за вакцинација против коронавирус, ветувајќи дека ќе биде еден од првите светски суперsвезди што ќе ја примат вакцината, објави во петокот британски „Sun“.

Мекартни (78) спаѓа во третата линија на британски граѓани според приоритет за вакцинација затоа што е во групата постара од 75 години. Тој рече дека верува оти вакцините и нудат на Велика Британија излез од мрачниот период на пандемијата.

„Вакцината ќе не извлече од ова“, рече Мекартни во едно интервју. "Мислам дека ќе се извлечеме од тоа, знам дека ќе го направиме тоа,а вакцината е одлична вест. Ќе ја примам штом ќе дојде мојот ред", вети тој.

Мекартни рече дека едвај чека да се врати на сцената откако Фестивалот во Глестонбери беше откажан оваа година.


Фото:Profimedia