Лекар предупредува: Четири шолји кафе на ден не се проблем, но никогаш не ги мешајте со оваа храна!

Добивај вести на Viber

Познатиот доктор Емир Солаковиќ од Босна и Херцеговина, предупреди дека кафето треба да се пие во умерени количини. Според него и  четири шолји на ден не претставуваат опасност, но кафето не треба никако да се меша со млеко, тоа треба да се избегнува.

Неговиот совет, кој го објави на Фејсбук страницата на неговата болница, го пренесуваме во целост:

"Умереното консумирање кафе (2, 3, па дури и 4 чаши на ден, или повеќе) не претставува опасност за вашето здравје. Конечно, факт е дека различни луѓе реагираат различно на иста количина кафе. Има многу кои без утринската доза „црно кафе“ не можат да се разбудат, а не е мал бројот и на оние на кои им е незамисливо без кафе, да ги развеселат, разбудат или да им го стимулира варењето на храната.

Пиењето кафе со млеко е грешка, затоа што млекото кое е протеински казеин и кофеинот создаваат соединение што вашето тело не знае како да го разложи. Затоа оние што често пијат кафе со млеко имаат проблеми при варењето и чувствуваат непријатност во стомакот “, објаснува д-р Солаковиќ.

Извор: buka.com

Бременост и кaфе: Што треба да знаеме