Лекари од регионот: Сè почесто младите без коморбидитети имаат тешка клиничка слика на корона вирусот

Добивај вести на Viber

Дел од хрватските лекари предупредуваат дека за третиот бран на корона вирусот карактеристично е тоа што се повеќе заболуваат младите луѓе, за што, како што велат, сведочат и зголемените бројки на новозаразени. Но, според нив многу повеќе загрижува фактот што младите луѓе кои сега, во пролетниов период се разболуваат, имаат многу потешка клиничка слика за разлика од зимските месеци.

- Разликата во однос на зимските месеци е во тоа што сега сè повеќе е присутна тешка форма на болеста кај младите кои немаат коморбидитети. Нивната клиничка слика многу побрзо се влошува отколку што тоа беше случај во изминатите месеци, односно во периодот на вториот бран на корона вирусот, вели д-р Ивица Лукшиќ, директор на Клиничката Болница Дубрава.

Повеќе читајте на Фактор тука.