Лекарите предупредуваат: Еве зошто болат зглобовите и лузните

Добивај вести на Viber

Од сите параметри, температурата најмногу влијае на човечкото тело. Студеното време ја влошува состојбата на луѓето коишто имаат потешкотии со дишните патишта, а особено влијае на кардиоваскуларните пациенти.

„Секој пад на температурата има негативен ефект врз луѓето кои имаат проблеми со срцето, затоа што во студот, периферните крвни садови се смалуваат и нивниот волумен се намалува. Со цел да пумпа доволно крв за потребите на телото, срцето ја забрзува својата работа. На овој начин тоа е дополнително оптоварено. Тогаш треба да се олесни со пропишана терапија. Затоа е задолжително да се контролира хипертензијата овие денови, можеби ќе биде неопходно да се зголеми терапијата и да се вметне диуретик. Всушност, во топлите денови, третманот на пациенти со хипертензија најчесто е преполовен и во постудените денови би требало да се врати во целосна доза. Деновиве на пациентите со срцеви заболувања им пречи промената на темапература, особено температурните разлики помеѓу ноќите и деновите“, објаснува д-р Станимир Елез, кардиолог од Новиот белградски здравствен центар.

Ладењето не само што предизвикува негативни ефекти кај хронични пациенти со респираторни проблеми и срцеви заболувања, туку носи и болки во зглобовите.

Имено, со заладувањето, атмосферскиот притисок се спушта, создавајќи притисок врз течноста одговорна за подмачкување и нормална функција на зглобовите. Притисокот во зглобовите се зголемува и тоа предизвикува болка.

Облачното време на кое му претходат невреме и дожд негативно влијае и врз расположението, но и на лузните. Најчесто ако некој има во минатото надмината скршеница или некоја операција, тој ја чувствува временската промена „пред време“, најчесто знае да каже: Ме врти раката или зглобот,  ќе се промени времето. Но тоа всушност значи дека, ненадејниот пад на притисокот предизвикува оштетеното ткиво да се стегне и опушти, и бидејќи не е еластично, не се прилагодува на промената на притисокот, предизвикувајќи затегнатост на кожата, болка и чешање.