Лекарите во Ургентниот центар и рекле дека има запек и ја пуштиле дома: Неколку часа подоцна 11-годишното девојче починало, нејзините родители бараат правда

Добивај вести на Viber


11-годишното девојче кое било испратено дома од болница откако и било кажано дека има запек, за жал било пронајдено мртво дома неколку часа подоцна.

Родителите на Анабел Гринхол сега бараат одговори откако девојчето било отпуштено од болницата Ворвик, каде лекарите во Одделот за итни случаи рекле дека има запек. Следното утро, на 14 октомври 2022 година, нејзиниот татко Крег ја нашол онесвестена дома во Ворвик и се јавил на брза помош. И покрај обидите на болничарите да ја реанимираат, Анабел била прогласена за мртва на местото на настанот.

Саканата ќерка од 2017 до 2021 година страдала од силни стомачни болки, поради што во неколку наврати било потребно болничко лекување. Истрагата за смртта на Анабел ќе започне денес, во Судот на Ковентри.

Родителите со скршено срце Крег и Џози велат дека останале со „огромна празнина“ во нивните животи. Џози (45) изјави: „Анабел беше неверојатно дете и сакана од сите што ја запознаа. Беше нежна, феноменално паметна, креативна, забавна и секогаш љубезна.“

Анабел имала историја на силни болки во стомакот

„Таа апсолутно ја сакаше својата музика, мода, уметност, пријателите и нејзината сакана мачка Рубен. Таа беше нашиот најголем подарок и донесе толку многу љубов, радост и среќа во нашите животи. Откако ја изгубивме, многу денови се исполнети со тага, празнина и жалост“.

11-годишното девојче штотуку стана ученик во Grammar School Алчестер и беше опишано како „сакано“ од наставниците и учениците. Нејзините родители се надеваат дека истрагата за нејзината смрт ќе даде детали за третманот што го добила пред да умре. Крег рече: „Кога ни беше кажано дека можеме да ја однесеме Анабел дома од болница, верувавме дека не е ништо сериозно. Сепак следното утро ја пронајдовме почината, тоа е апсолутно поразително и нешто со кое сè уште се бориме да се помириме. Оттогаш секој ден се прашуваме дали можеше да се направи повеќе за да се спаси нашето девојче …“

„Знаеме дека судењето за нејзината смрт ќе биде исклучително тешко, но тоа е нешто што треба да го направиме затоа што му го должиме на нашето дете, да ги добиеме одговорите кои ги чекаме толку месеци“, велат ужалените родители.