Леќа за одлично здравје: Стара и лековита намирница од времето на нашите баби
Леќата е ризница на добро здравје, и се подготвува многу лесно, се користи уште од праисторијата, а сигурно се сеќавате на чорбата од леќа подготвена од вашите баби.
Со порастот на трендот на здрава исхрана, леќата повторно го наоѓа своето место на полиците и во кујната, но сепак се чини дека не е доволно. Оваа едноставен мешункаст зеленчук е една од најздравите намирници, богата со растителни влакна и затоа е исклучително добра за да имате одлично здравје.
Половина чаша леќа содржи 4,5 грама влакна, и тие се клучни во превенцијата од рак на дебелото црево и развојот на други малигни заболувања. Растворливите влакна исто така го регулираат шеќерот бидејќи го забавуваат варењето на глукозата, особено кај луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Овие влакна исто така спречуваат кардиоваскуларни болести, ја намалуваат апсорпцијата на желудочна киселина и го нормализираат нивото на холестерол.
Покрај влакната, во леќата можете да најдете и голем број витамини - како витамини од групата Б, како што се тиамин, витамин Б6, рибофлавин и ниацин, кои се исклучително добри за нервниот систем. Покрај овие, леќата содржи и витамин Б9, односно фолна киселина, поради што леќата се препорачува во исхраната за бремени жени.
Од минералите, леќата содржи фосфор, магнезиум, цинк и железо, така што леќата е исто така идеална храна за оние кои имаат симптоми на анемија.
Нутриционистите забележуваат дека леќата е повеќе сварлива храна од гравот и затоа оние луѓе кои страдаат од разни стомачни проблеми треба да ја вклучат во исхраната што е можно повеќе. 100 грама леќа содржи само 116 калории, а тоа е храна која е хранлива, така што брзо ќе се чувствувате сити.
Кога готвите, проверете дека леќата не е премногу стара бидејќи тогаш го губи вкусот, а за да не дојде до тоа, секогаш избирајте ја онаа на „Kibela“. Гледајте и да не ја преварите. Само гответе ја околу еден час.
Фото: Shutterstock