ЛЕНЧЕ: Значење на името и какви се оние кои го носат
Името Ленче е женско име.
Тоа е скратена форма на името Елена, чие потекло е од грчкото име Хелена, според грчкиот збор hēlios, што значи сонце, сончева светлина, сончев зрак. Други форми на ова име се Лена, Лена, Ленка.
Во Хомеровата „Илијада“, убавата Елена, Лена, Ленче е жената поради која настана крвавата Тројанската војна.
Во христијанството, позната е царицата Елена, мајка на цар Констанстин.Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Жените кои го носат ова име се верува дека зрачат каде и да се појават.
Ова е едно од најпопуларните имиња во светот.