Леон и Тео пораснаа: Дуке Бојаџиев со фамилијата уживаат во Париз (ФОТО)

Еден од најистакнатите македонски композитори на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, пред точно две години по вторпат стана татко на сега веќе двегодишниот Леон. Заедно со сопругата го имаат и поголемото синче Тео и како што откри Дуке во интервју за „Женски магазин“ во 2018 година, Тео покажува музички амбиции и има одличен слух. 

Нашиот пијанист, композитор и продуцент, Дуке Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Но, веќе две години престојуваат со фамилијата во Париз, Франција.

Од таму, Дуке редовно споделува фотографии и видеа од прошетки низ убавиот Париз,  и квалитетно поминато време со семејството.


Тео е веќе големо момче кое оди во училиште.

Леон пак има две годинки и е пресладок.

Најверојатно и тој ќе тргне по стапките на тато Дуке бидејќи на едно од видеата компонира заедно со него.

Во една прилика, на прашањето „Што е среќа за семејството Бојаџиеви? На кои моменти најмногу им се радувате со сопругата?“, Дуке за Женски магазин вели дека среќата треба да ја бараме во самите себе, а не во околината. 

-Во секој момент човек има многу причини да е среќен, како и многу причини да е несреќен. На кои од нив ќе се фокусира е негов избор, од кои зависи и како ќе се чувствува. Добар е примерот со чашата која е до половина полна. Еден човек ја гледа како полу-полна и се радува, а друг како полу-празна и тагува. Среќата е личен избор, а не нешто дадено од Бога, изјави тогаш тој.