(ФОТО) СЕ РОДИ ЛЕОН: Дуке Бојаџиев по вторпат стана татко

Добивај вести на Viber

Дуке Бојаџиев, еден од најистакнатите македонски композитори на интернационалната сцена, по вторпат стана татко. Синот ќе се вика Леон. Убавата вест популарниот пијанист и автор веднаш ја сподели на социјалните мрежи објавувајќи неколку фотографии.

Двојката го има и синот Тео кој, како што откри Дуке претходно во интервју за „Женски магазин“, покажува музички амбиции и има одличен слух. 

- Не знам каде ќе го носи патот понатаму. Јас секако го следам и помагам неговиот духовен развој, но сакам да расте без мои сугестии што да прави со себе. Како и на сите нас, само ќе му се каже кога ќе дојде време. Јас само се трудам да му дадам добар пример како човек и татко - ни изјави тој.