Лепа Лукиќ за прв пат откри колку точно пари добива од дури 3 пензии месечно!

- Добив и статус на истакнат уметник, па ја добив првата пензија со 35 години работен стаж и 55 години живот - призна пејачката

Лепа Лукиќ има три пензии кои никогаш не ги ни криела, но не се знаеше за колкави суми станува збор. Поточно, колку пари од сите три пензии зема Лепа на месечно ниво.

Сега таа отворено зборуваше дека едната ја заработила со одредени години од животот и поради работното искуство, другата дека е национална, а третата е канадска пензија која ја наследила од нејзиниот покоен сопруг.

- Националната пензија ми е 60.000 динари, а втората 90.000 динари. А јас имам и канадска пензија од 1000 евра. Може да се живее и од националната, ама само ако водиш сметка  - рече Лепа, а потоа објасни од каде и се трите пензии:

-Не ја барав националната пензија. Бев во Америка и кога се вратив слушнав од некои луѓе кои ми рекоа дека сум ја добила. Државата ме призна – објасни пејачката.

-Првите десет години плаќав пензиско и социјално осигурување, а кога ме прифати државата ми плати се. Добив и статус на истакнат уметник, па ја добив првата пензија со 35 години работен стаж и 55 години живот. Државата виде кои награди ги добив, и тоа го приложив - изјави пејачката на народна музика, пишува Курир.

Да потсетиме, Лепа неодамна истакна дека што се однесува до финансиите, никогаш повеќе не мора да пее, бидејќи од пензијата добива сосема доволно пари.

- Не терба да настапувам јас? Не морам. Го пеам тоа што го сакам. Кога се парите во прашање, никогаш не морам да пеам! Имам добри примања, три пензии. Од Канада, една нормална од работен стаж и имам национална пензија. Но, јас го сакам тоа. Ме подмладува, ме враќа во младоста, полна сум со енергија, ништо не ми е тешко. Јас воопшто не треба да снимам, можам да живеам од песните кои беа и останаа големи хитови. Но, сакам да ги радувам моите фанови - објасни Лепа во утринската програма „Утро на Прва“.


Фото: Printscreen/TV Prva