Моден фокус // Коса
Летна фризура: Балерина пунџа, совршена е за лето и изгледа многу елегантно
Оваа фризура е популарна меѓу светските ѕвезди, изгледа елегантно, а што е најважно ќе ја соберете косата од лицето и грбот
Ако имате средна или долга коса, веројатно се чувствувате како да држите „ќебе“ на рамената.
Ова резултира со потење, што прави косата да изгледа надуено и не баш онака како што сакате да биде. Тоа е маѓепсан круг низ кој сите сме поминале. Единственото решение за високите температури е да ја соберете косата нагоре.
Совршен избор за високи температури е балерина пунџа. Оваа фризура е слична на класичната пунџа, но изгледа како јазол. Плус, ви дава видлив дел кој помага вашата коса да изгледа елегантно и стилски во секое време од денот.
Многу лесно се прави и на пократка и на подолга коса.
FOTO Instagram printscreen