Летно освежување од А1, попуст од 15.000 денари за купување на уред

А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo

Скопје, 1јули 2020г.- Од денес, корисниците на фиксни и мобилни услугиво пакетот А1 Combo имаат можност да искористат попустод 15.000 денари за купување на смартфон, телевизор, лаптоп или таблет.

Со започнување на летниот период и со зголемената потреба за уживање и забава во летните денови, А1 им овозможува на своите корисници да искористат поголем попустза купување на уреди со кои ќе можат со леснотија да ги поминуваат летните денови во овие специфични услови. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија,корисниците имаат можност да креираат решение која најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваатпопуст од 15.000 денари за купување на уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L.Истиот овој договор доколку се склучи online преку дигиталните платформи на А1, субвенцијата е 16.000 денари. Дополнително, со секоја наредна мобилна линија која се додава во пакетот, попустот за уред се зголемува.

Промотивната понуда можат да ја искористат ситеприватни и бизнис корисници на пакетот А1 Combo, без разлика дали склучуваат нов договор, прават надоградба на пакет, спојуваат услуги или обновуваат веќе постоечки договорза период од 24 месеци. Со самото поврзување на услугите, активација или продолжување на договорите, корисниците добиваат ексклузивна можност да направат комбинација со субвенциите кои следуваат за мобилните линии.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.