Лицето го криеше со години, сега прв пат е снимена од блиску: Многумина не можат да престанат да ја гледаат бидејќи ова е чудо! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Foto: Profimedia

Линда Евангелиста ја тужеше компанијата „Zeltiq Aesthetics“ за 50 милиони долари поради масните наслаги кои ги добила пред шест години како резултат на естетскиот третман „CoolSculpting“. Оваа сума деновиве ќе и „легне“ на сметка по судската пресуда во нејзина корист.

Набргу по приказната за отштетата што ќе ја добие за естетскиот третман кој и предизвика лични и деловни проблеми, Линда за прв пат се појави во медиумите по шестгодишна пауза. Како гостинка во емисијата на „Вог“ на „Јутјуб“, Евангелиста со гледачите сподели што секогаш мора да има во чантата.

Супермоделот не оди никаде без нејзините очила, вегански шејк, итна медицинска помош, телефон, шминка, козметика и уште неколку основни работи. Познатата убавица вели дека телефонот и социјалните мрежи ги користи само за „да го следи своето дете“.


„Знаете колку сум невротична секогаш морам да бидам подготвена. Ако дојде судниот ден, јас сум подготвена. Луѓето ми се смеат поради тоа што го носам со себе и она што го имам дома, но се што е потребно за опстанок е блиску до мене“, рече Линда.

Линда Евангелиста помина шест години далеку од очите на јавноста поради последиците од естетска процедура. Како што неодамна изјавила, се чувствувала понижено и засрамено и не сакала никој да ја види.


Сега кога очигледно се опоравува од се, покажа дека изгледа апсолутно фантастично. Гостувањето во „Вог“ е доказ дека Линда била и останува најголемата убавица на нашето време.


Беше најпосакувана манекенка, козметичкиот зафат ја чинеше убавина: По 6 години, Евангелиста со новите фотки го покори Интернетот