„Лицето ми се менува и сакам што стареам“: Шарлиз Терон нападната дека има корекции, нејзиниот одговорот замисли многумина
Актерката Шарлиз Терон
е мета на негативни коментари поради нејзиниот изглед
Некои веруваат дека холивудската ѕвезда Шарлиз Терон била подложена на лоша естетска операција. Имено, со годините и стареењето, нејзиното лице се менувало, но актерката решила да старее достоинствено и природно и негира дека подлегнала на какви било зафати.
„Моето лице се менува и го сакам тоа што се менува и старее. Но, луѓето мислат дека сум направила фејслифтинг. Тие велат: „Што направи таа со нејзиното лице? „Јас само стареам, тоа не значи дека сум имала лоша пластична операција. Едноставно тоа им се случува на сите“, рекла познатата актерка.
Шарлиз исто така истакна дека не се согласува со идејата дека „мажите стареат како вино, а жените како скинато цвеќе“.
„Го презирам тој концепт и сакам да се борам против него, но мислам и дека жените сакаат да стареат на начин што им одговара. Мислам дека треба да бидеме малку поемпатични за тоа како сите го поминуваме нашето патување во животот. Мојот пат значи дека треба да ти го гледам лицето на билборд и тоа е многу забавно“, истакна таа.
Шарлиз додаде дека и се допаѓа што нејзините ќерки не гледаат на убавината низ годините.
„Тие гледаат некого, им се допаѓа тоа што го носат, или мислат дека тие луѓе се убави и не знаат дали таа личност има 20 или 60 години. Тоа е одлично. Ми се допаѓа. Посакувам да го задржат тој став и кога ќе пораснат“, изјави актерката во интервју за магазинот „Allure“.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot