Лицето на оваа позната дама е најлош пример што се случува кога користите ботокс од 20 години: Велат - „На 26 изгледа како бабетина која преживела две светски војни“

Добивај вести на Viber

Што се случува со вашето лице кога ќе почнете да користите ботокс и филери на 19 или 20 години? Интернетот се согласува дека најдобар пример е Кајли Џенер.

Кајли Џенер, ријалити ѕвезда, претприемач и сестра на Ким Кардашијан, кога се појави на модната недела во Париз, ги воодушеви љубителите на модата со елегантен фустан во боја на пудра, а од друга страна ги изненади корисниците на социјалните мрежи кои напишаа дека Кајли личи како да е во доцните четириесетти, а не во нејзината средина на дваесеттите.

View this post on Instagram

A post shared by E! News (@enews)



Имено, Кајли Џенер има 26 години, иако со години одбиваше да признае дека имала естетски интервенции и дека наводно само ги зголемила усните, фотографиите и видеата кажуваат нешто сосема друго.

Кајли на модната недела во Париз се одлучи за популарниот изглед „make up, no make up“, поточно, се шминкаш, но како да не си нашминкана. Тие го нарекоа изгледот на ријалити ѕвездата класичен пример за предвремено стареење од прекумерната употреба на ботокс и филери.

View this post on Instagram

A post shared by unfiltered celebs  (@unfiltered.celebs)



„Изгледа како да има 48 години“, „Нејзиното лице вели - преживеав две светски војни и три економски кризи“, „Како некое затегнато бебе“, „Страшно е што има 26 години и изгледа како старица“, се само некои од коментарите под видеата.

View this post on Instagram

A post shared by  PAP KOREA (@pap_korea)



ФОТО: Инстаграм принтскрин