Личи на мајка ѝ, а велат и дека потсетува на Анџелина Џоли: 3 комбинации на ќерката на Сузана Манчиќ кои вреди да ги ископирате
Наследничката на Сузана Манчиќ ретко се појавува во јавноста, но кога тоа ќе се случи, најчесто тоа се некои посебни настани, за кои таа е секогаш многу стилски средена и ги воодушевува сите.
ТВ-лицето и поранешна „Лото девојка“ Сузана Манчиќ не се појавува често со своите наследници во јавноста. Но, пред извесно време таа и нејзината помала ќерка Наталија Куниќ се појавија заедно на промоција.
Како што многумина велат, Наталија убавината ја наследила од мајка си, а многумина ја споредуваат и со актерката Анџелина Џоли.
Куниќ студира на Академијата за уметности и ретко е во јавноста, но како што потенциравме, кога се појавува тоа го прави многу стилски.
Во оваа насока, ви пренесуваме 3 комбинации на ќерката на Сузана кои ќе послужат како одлична инспирација за некои ваши аутфити:
1. Лежерна темна комбинација, која е целосно во уличен стил. Таа носеше темни фармерки, како и темна блуза и надополни со сребрен накит. Носеше и интересна сиво-црна јакна која е доминантно парче. Оваа облека е совршен избор за дневен ручек со пријателите.
2. Лежерниот кралско син фустан- наметка, со апликации на грбот кога се комбинира со патки е вистинскиот избор за прошетка низ градот, но и сосема прикладна за други настани.
3. Беж комбинација која одговара за секоја пригода. Можете да ја носите оваа облека ако славите роденден или правите домашна забава. Овие чизми се апсолутно ИН!
фото:instagramизвор:GLOSSY
Мислеше дека ќе го оставам: Сузана Манчиќ искрено за бракот со Гркот и откри каков договор имаат