Лично сум против козметички корекции и филери: Пред огледало со Катица Марангозова
Катица Марангозова е лекар специјалист, која работи во струмичката болница повеќе
од 15 години. Како инфектолог таа работи во смени, а исто така и дежура. Си ја
сака работата и затоа и ја избрала оваа професија. Оваа дама се негува,
а еве кои се нејзините тајни за природен и свеж изглед.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
Години наназад го чистам лицето на кожата и го тонизирам. Наутро ставам
дневна крема и антирид за околку очи. Денеската шминка ми е секогаш лесна, за
вечерни излегувања или посебни прилики практикувам појака шминка, а понекогаш
посетувам и козметичар кој се погрижува за изгледот на моето лице, односно ме
шминка.
Пред спиење, го чистам лицето и секогаш нанесувам ноќна крема, која ми е
успогласена со дневната.
* Со какви препарати го негувате лицето?
Секогаш се трудам тие да бидат квалитетни, без многу хемија во нив. Најчесто ги користам препаратите на Eucerin, Vishy и Loreal. Исто така, за подхранување на кожата во вид на маски користам и природни продукти: мед, белка од јајце, краставица и слично.
* Посетувате ли козметички салони?
Поретко посетувам козметички салони, најчесто сама водам грижа за негата на лицето. Моја слабост се ноктите и тие мора секогаш да бидат средени беспрекорно. Досега немам правено козметички корекции, ниту употребувано филери. Лично сум против. Ако треба некогаш, би направила лифтинг на лицето и тоа само во професионални клиники, кои се спрецијализирани за тоа.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
Негата на косата и ја препуштам на мојата фризерка, која употребува производи на Revlon од кои сум задоволна многу.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
Со шминка покривам подочнаци (кои за жал се резултат на мојата професија, на дежурствата). Друго немам што да покривам.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
Како што веќе спомнав ги користам производите на Eucerin, Loreal, Vishy, ponekogas lancome.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
Секогаш во ташната имам мал несесер, во кој носам се што треба, задолжително коректор, руменило и кармин.
* Омилен парфем?
Ги сакам сите парфеми на Dior, но мој фаворит е Poison hypnotic.
* Како ја одржувате линијата?
Се трудам да консумирам здрава храна, исто така имногу пешачам, секојдневно пешачам околу десетинакилометри.
Н. М.