Лидерот во e-банкарството – Халкбанк воведе нов производ, Онлајн кредит
Онлајн кредит е новиот производ на Халкбанк АД Скопје кој е достапен за сите приматели на плата во Банката кои лесно, брзо и едноставно, без потреба од посета на филијала, можат да дојдат до потребните средства. Со новиот производ Банката, која е лидер во воведување нови услуги базирани на новите технологии, станува и единствена банка во земјава која нуди онлајн депозит и онлајн кредит за своите клиенти.
Максималниот износ за кој можат да аплицираат клиентите е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 5,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Услов е кредитобарателот да е примател на плата во последните 3 месеци на трансакциска сметка во Халкбанка АД Скопје и да е корисник на електронското банкарство на Халкбанк.
Постапката за отворање на онлајн кредитот е куса и трае не повеќе од три минути, безбедна е бидејќи е со двојна авторизација, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот е во рок од 5 минути.
„Дигиталната револуција во сите сегменти на денешното секојдневие придонесе интензивно да се инкорпорираат потребите од истото и во банкарскиот сектор. Иновативноста во процесите и услугите е една од најсилните карактеристики на нашата банка која е промотор на технолошки промени во банкарскиот сектор уште од влегувањето на македонскиот пазар. Халкбанк е пионер во имплементацијата на е-трговијата како услуга, прва банка која создаде производ онлајн депозит, со кој овозможи брзо и едноставно од компјутер или мобилен телефон отворање штеден влог, а сега нуди и онлајн кредит. На овој начин им излегуваме во пресрет на клиентите преку намалување на нивниот ангажман при подигнување на кредит, но и овозможување на поголема достапност на услугите на банката и во местата каде што банката нема филијала “, велат од Халкбанк.
Кредитот е без трошоци за аплицирање, за обработка или за негова предвремена отплата.
ПР објава