Лила Стојановска: Жал ми е што порано не легнав под нож

Лила Стојановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“ конечно проговори за естетските корекции кои ги има направено. Иако многумина коментираат дека популарната водителка има направено повеќе зафати, таа ги демантираше овие тврдења.

- Ги оперирав само градите. Имав сериозен проблем со изборот на градници. Секој ден имам емисија, водителка сум повеќе од 26 години, секој ден менувам разни фустани и комбинации и не можев секогаш да најдам соодветен градник кој што не би се гледал под фустанот. Долго време пријателите ме убедуваа да го направам тој чекор, но јас некако бев неодлучна. Сега откако ги корегирав ми е жал што порано не легнав под нож - раскажа Лила во „Бекстејџ“.