Лина Ѓорческа, тенисерка: „За 10 години ќе бидам меѓу најдобрите 50 светски тенисерки“
Лина Ѓорческа,
најдобрата македонска тенисерка, во следните 10 години за себе гледа светла
иднина и многубројни освоени светски турнири. Во новото видео од видеосеријалот
на Халкбанк, во чиј фокус се херои со инспиративни
приказни, таа мотивирано зборува за спортските успеси зад неа, како и за
амбицијата што ја води низ сите натпревари – да биде дел од врвот на светската
тениска ранг-листа.
Нејзината посветеност на тенисот, која активно трае веќе 20 години, ја има однесено на сите 4 Гренд слем турнири во светот. Во продолжение погледнете го новото видео од серијалот на Халкбанк, во кое Лина зборува за светлите денови на успех што ѝ претстојат.
Само напред, Лина!
Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.
Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот линк.
ПР објава