Стабилно и долгорочно планирање со збогатената кредитна понуда на Охридска банка за физички лица

Охридска банка ja проширува промотивната понуда на кеш, хипотекарните и станбените кредити од своето портфолио. Со воведување на нови промотивни услови, клиентите на Банката имаат можност за лесно исполнување на желбите и креирање на долгорочни финансиски планови, како и стабилно инвестирање во недвижен имот.

Новата и збогатена понуда на кеш кредити им излегува во пресрет на клиентите кои имаат потреба од стабилна банкарска понуда за остварување на идеи и планови на долг рок. Лесен кеш кредит вклучува рок на отплата до 10 години, фиксна и гарантирана каматна стапка за целиот период на отплата, со максимален износ на кредит од 1 500 000 денари и без административни трошоци до 15 Јануари 2020 година. Ова значи дека за износ на кредит од 1 500 000 денари, и избор на понуда 1+9, во првите дванаесет месеци клиентот ќе добие фиксна каматна стапка од 5,10% и месечна рата од 15 986 денари, а од тринаесетиот месец до крајот на рокот за отплата, клиентот ќе добие фиксна каматна стапка од 7,80% и месечна рата од 17 856 денари. Клиентите имаат на располагање уште две понуди 2+8 и 4+6 од кои можат да бираат во зависност од сопствените преференции. Повеќе детали во однос на различните понуди може да се прочитаат на веб-страницата на Банката. 

Во однос на станбените кредити, станбениот кредит „5+“ на Охридска банка нуди нова, промотивна и фиксна каматна стапка за првите пет години од 3%, а за преостанатиот период каматната стапка е варијабилна. Па така, доколку одреден клиент сака да купи стан, или куќа, за што му е потребен кредит во износ од 30 000 евра, во првите пет години клиентот ќе плаќа месечна рата од 166 евра, а по петтата година, месечната рата,би изнесувала 169 евра. Воедно, клиентите може да го искористат промотивиниот период без административни и без нотарски трошоци до 15 Јануари 2020 година. 

Дополнително, во промотивниот период, за клиентите кои сакаат да ги спакуваат сите обврски во една месечна рата и да плаќаат помалку, кеш хипотекарниот кредит на Охридска банка е достапен без административен трошок и фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години. 

Промотивните услови на понудата на кредити на Охридска банка важат до 15 јануари 2020 година. Повеќе информации за понудата на кредити на Охридска банка се достапни на веб-страницата www.ohridskabanka.mk, контакт центарот достапен на 02 15 050 или во некоја од мрежата на експозитури на Банката низ државата.