Лис е нашето чудо – нашата прва радост

Добивај вести на Viber

По неколку неуспешни обиди за забременување, инсеминации и повеќе гинеколошки интервенции, како и историја на неуспешна бременост, Шкуртe и нејзиниот сопруг Риад не ги изгубиле надежта и желбата за потомство. Се обиделе со ин витро, кое резултирало со успех и оттука повторно се нашле пред најголемиот предизвик, како ќе се одвива бременоста.

Шкурте и Риад заборавија на сите грижи, разочарувања, страв од неуспех штом го зедоа своето бебе во прегратки, велат дека сѐ е можно, само треба трпение.  Нивната желба да станат родители била посилна од  сѐ, а синот Лис велат е нивното чудо.

„Во текот на бременоста ги направив сите потребни испитувања и тестови. Имав ризична бременост, која ја контролирав редовно.  Во текот на бременоста ми беше поставен и серклаж, така што бременоста ја поминав во мирување. Една недела пред закажаниот термин за редовна контрола, почувствував силни болки и веднаш појдов на доктор.  Помислив дека ми прснал воденикот, па сепак докторот во Приштина ми рече дека се работи за инфекција. По една недела кога појдов на редовна контрола во 26. гестациска недела, докторот ме задржа во болница и следното утро кога ме прегледаа ми рекоа дека, всушност, немам плодова вода. Моравме бргу да реагираме и со сопругот без размислување одлучивме да дојдеме во ‘Аџибадем Систина’ за да побараме помош“, објаснува пациентката Шкурте.

Предвремено породување во 26. гестациска недела

Поради сериозноста на состојбата и со оглед на лошото акушерско минато, стравот што ќе случи со плодот и шансите за преживување, тие ја избрале „Аџибадем Систина“ со надеж дека ќе си одат дома со бебе во рацете.Д-р Милица Каламарас, специјалист по гинекологија и акушерство, ја примила пациентката Шкурте на Одделот за гинекологија и акушерство каде што ѝ биле направени сите потребни иследувања. Таа по прегледот ѝ објаснила на пациентката дека е започнат процесот на предвремено породување и дека тој мора да се заврши.

„Пациентката дојде во нашата болница по претходна хоспитализација во болница во Косово, со клинички знаци за започнато предвремено породување во 26. гестациска седмица – прснат воденик, дилатирано грло на матка, кое го држеше само поставениот серклаж, регуларни контракции на матката, а според ултразвучниот наод, плодот беше загрозен бидејќи немаше воопшто околуплодова вода. По прегледот, пациентката ја примивме во родилна сала и по неколку часа, ја породивме спонтано, а новороденото го прифатија доц. д-р Наташа Најдановска-Алулоска и нејзиниот тим“, објаснува д-р Каламарас.

Пациентката Шкурте вели дека во болницата „Аџибадем Систина“ се чувствувала безбедно и сигурно. 

60 дена престој на неонатална интензивна нега


На Одделот за неонатална интензивна нега Лис беше примен со тежина од 1100 грама, а родителите Шкурте и Риад со нетрпение, огромна среќа и возбуда го дочекаа моментот за да си заминат дома со малиот борец по 60 дена поминати на Одделот за неонатална интензивна нега. Тие велат дека се неизмерно благодарни за грижата, посветеноста и професионалниот пристап на доц. д-р Алулоска,лекарите и сестрите од Одделот за неонатална интензивна нега.

„Иако родено 14 недели пред терминот, новороденото стабилно се развиваше од ден на ден.Лис овде научи многу работи, да дише самостојно,  да се храни со шише. Научи да нѐ погледне кога му зборуваме или го галиме. Дури и да им се насмевне на сестрите или докторите од одделот. Лис го напушти нашиот оддел како прекрасно, мирно, здраво момче тешко 2 килограми“, вели д-р Најдановска-Алулоска.

Малечкиот Лис е уште еден член на бројното NICU-семејство, а д-р Алулоска додаде дека неговиот раст и развој отсега натаму ќе го следат во амбуланта и ќе се радуваат на секој негов успех, заедно со неговите родители.

ПР објава