ЉУБОВ

Добивај вести на Viber

  Весна запали цигара, се напи од кафето и продолжи да раскажува: „Првпат водев љубов со саканиот и бев на седмо небо. Мислев дека имаме чиста, искрена љубов која ќе се круниса и со брак и со дечиња. Бескрајна беше мојата фантазија. И затоа им се препуштив на страстите. По вакво волшебно задоволство, тој продолжи да ме бакнува. Ми ги грицкаше градите, ми ги лижеше брадавиците, ми ја бакнуваше кожата. А јас сакав да му се предадам целосно, да го почувствувам него во мене и да ја врежам оваа за мене магија што ми се случува длабоко, во душата во срцето.

  Потоа, ми ги рашири нозете полека, нежно и ме бакнуваше од внатрешноста на бутовите. Влезе во мене и почувствував дека сум негова. Усните си ги гризев, очите ми се насолзија, целата треперев. Поседував во мене некоја доза страв, но ја отфрлив мислејќи дека е тука до мене и е мојот херој. Тој почна да влегува и да излегува од моето меѓуножје. Осетив болка бидејќи ми беше првпат, но бев многу возбудена и сакав да уживам и уште повеќе се приближував кон него. Се видов како летаме високо, највисоко заедно со мојот принц качени на бел коњ над сините облаци кои во моите мечти личеа на срца од балони. Заборавив каде сум и што правам, само бев среќна што мојата цврста волја, желба, копнеж да бидам со него ми се исполнува. Почна да кажува: „Мила моја принцезо, ти си мој свет, мој сончоглед, мое богатство, моја љубов“.

  Неговиот образ го припи кон мојот и почна да ми шепоти на уво: „Се отвори твојот рајски цвет само за мене. Вредеше, нели? Сега си моја, единствена љубов моја. Јас не можам да му се изнаситам на твоето прекрасно тело, на твојата мека кожа, на твоите гради, на твоите колкови и на твоите бутови. Мека си како свила, чиста како солза“.

  Мерак ми беше на душата да ги слушам сите овие мили зборови. После, почна посилно да влегува и да излегува од мене. Јас само го следев во неговите движења. Осетив врела течност во мене. Лицето му се испоти, телото му беше напнато. Потоа телото му се олабави и ми рече: „Мила моја Весна, многу ми беше убаво. Пак ќе дојдеме кај мене“. Кимнав со глава. Ми беше многу убаво. Посакував вечно да останам в прегратка во која бевме испреплетени и си лежевме, а тој ме штипкаше, ме галеше и ме милуваше. Почувствував како повторно добива желба за секс, но ми кажа: „Ајде да се средиме. Време е да те испратам“.

  Станавме, се облековме и ме испрати. Потоа, продолживме да се гледаме, како да правиме некој ритуал. Ми беше чудно што доаѓаше на пазар во работно време, одевме дома по пазарот, а попладне, веднаш ме испраќаше в село.

  Поминаа скоро три месеци како што се гледавме. Никогаш не ги спомена неговите родители, брат и сестра. Веќе не седнувавме ни в кафеана, ниту одевме на некоја забава, ни в кино, ни на некое дружење со негови пријатели, кои патем не ги ни запознав.

  Еден ден, отидовме дома кај него. Само што седнавме, одеднаш некој заѕвони на врата силно и почна да тропа и да вика – тоа беше женски глас: „Отвори брзо, безобразнику. Немој да се криеш со таа твоја швалерка. Ете, ја оставам ќерка ти пред врата и ќе се јавам кај твоите да дојдат“. Девојче мало плачеше, таа врескаше силно и излегоа сите соседи пред вратите. Една жена потврди дека сега сме дошле и дека сме внатре. Од таквото тропање на вратата дури во еден момент помислив дека ќе ја скрши.

  Јас пребледев и почнав да кажувам: „Што се случува? Женет си? Сè било лага. Се сомневав дека постои нешто, но дека до толку си подол, не верував. На кого јас му го подарив срцето? Глупава! Ова го заслужив? Што да ѝ објаснам на жена ти?“ Весна, тебе те сакам“, ми рече. Само го погледнав и му реков: „Невиден лажливец. Одвратен си ми“. Ми се гадеше. Отидов в бања и повраќав. Таа тропаше, викаше, но по некое време сè се смири.

  Весна се издиша и продолжи: „Избегав. Потоа тој доаѓаше на пазар да ме бара. Но, беше крај. Мојата наивност беше казнета сурово. Мама по еден месец ме однесе на лекар. И поради тоа, се омажив за оваа пијаница и водам ваков живот. Барем материјално да бидам згрижена. Ќе се грижам и за тебе. Не сакам ти да го водиш мојот живот. Те молам Милка да внимаваш. И немој никому да веруваш. Проверувај, распрашувај се за секого“. Климнав со глава. „Низ што поминала сестра ми, а со неа и мајка ми“, си помислив во себе и не можев да поверувам.

  Ми заѕвони мобилниот. Се јави Марко. Се договоривме да излеземе. Јас се облеков, се нашминкав и излегов. И така не можев да седам дома. Многу се вознемирив со разговорот со Весна бидејќи јас бев помала, немав поим низ што поминувала таа. Само мајка ми патела заедно со неа.

  А толку се радував затоа што ме побара Марко. Срцево ми пееше, душава ми беше расцутена како пролетна фиданка од дрво. Денови бев во неизвесност дали ќе се случи тоа што го посакував. Кога ме виде Марко, ме прегрна и ме бакна. Ах, тој бакнеж! Секое бакнување носи посебно чувство, порака и копнеж. Значајно е тоа што се судруваат погледот, очите и телото. Дали е тоа љубов? Толку опеана, пишувана, почувствувана. Лебдиш во воздух како хелиумски балон, можеш да подигнеш планина, да го изодиш светот. Ти дава сила, моќ, бесконечна како океан, недопирлива како ѕвезда, а присутна насекаде.

  Прошетавме низ паркот. Никогаш не сум се почувствувала толку лесно и исполнето. Дополнително, времето беше наоблачено и дуваше тивко ветерче. Се шегувавме, се смеевме, го имитиравме цвркотот на птиците.

  Потоа, седнавме в кафуле. Дојде и неговото друштво, другари и другарки. Беа весели, пријатни. Се договорија утредента сите заедно да одиме на базен и да се релаксираме и да се запознаат со мене подобро. Многу ѝ се израдував на оваа идеја поради тоа што ми беше предизвик. Ќе бидам заедно со Марко, а и ќе создадам нови пријателства.

АНОНИМНА