,

ЉУБОВ, ГРИЖА И ПОСВЕТЕНОСТ – 21 ГОДИНА „МАЛА БОГОРОДИЦА - СИСТИНА“ ДОКАЖАН ЛИДЕР ВО ГРИЖАТА ЗА РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ

Добивај вести на Viber

Беспрекорна грижа, најсовремени услови и примена на најновите светски трендови во медицината се препознатливоста на брендот „Систина“, кој денес одбележува 21 година од започнувањето со работа. Уште од самите почетоци „Мала Богородица - Систина“ внесе нова димензија во грижата за репродуктивното здравје на жената и идните генерации и прерасна во лидер не само во земјата туку и во регионот.

19.500 новороденчиња се потврда за довербата и успехот на „Систина“

Довербата на пациентките растеше низ годините, а брендот „Систина“ стана синоним за љубов, грижа и посветеност. Во 2011 година Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица“ прерасна во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, со сериозна инвестиција во здравствениот сектор, со што беа овозможени услови за создавање комплетен и најсовремен Центар за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција. Денес „Аџибадем Систина“ е најголемото приватно родилиште каде што годишно се раѓаат повеќе од 1.500 новороденчиња. Покрај развојот во областа на акушерството, тука се изведуваат и дијагноза и третман на сите гинеколошки заболувања и состојби, а во изминативе 21 година изведени се над 42.000 гинеколошки интервенции.

Вложувањето во професионалниот кадар овозможи „Аџибадем Систина“ да стане и високопрофесионален центар за водење ризична бременост, со што значително е намалена стапката на предвремено родени новороденчиња. Отворањето на најсовремена Единица за неонатална интензивна негаовозможи третман на критично болните, како и предвремено родените новороденчиња. Со отвoрањето на новата педијатриска болница, која ги содржи сите елементи, се заокружи целосниот третман на болести во детската возраст.

„Мала Богородица – Систина“ пионер и во инвитро оплодувањето

Една година по отворањето на болницата, во 2002 година беше направен историски успех во ин витро оплодувањето во земјава.  На 19 јуни 2002 година на свет дојде првото бебе од епрувета во Македонија. Со воведување на најсовремените техники во областа на асистираната репродукција, тимот на „Мала Богородица – Систина“ успеа да го исполни сонот на илјадници семејства. Специјализираниот Центар за асистирана репродукција, кој денес го носи името „Мала Богородица“, е составен од врвни професионалци со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција и бележи највисок процент на успешно реализирани циклуси во земјава и регионот.

Специјални пакети за породување и бројни бенефиции за мајката и бебето

Со цел да овозможиме уникатен пристап во грижата за родилките и новороденчињата болницата воведе специјални пакети за породување и го создаде специјалниот концепт „Acibadem Sistina Baby со низа бенефиции и предности  кој им овозможува на трудниците  да се чувствуваат сигурно и посебно. Концептот вклучува едукација за здрава бременост, бесплатни јога-вежби, медицинска масажа, бесплатни скрининзи на новороденчето, производи и водич за нега на новородени, едукација за доење, како и многу подароци и изненадувања.

Денеска, покрај успешната приказна во областа на гинекологијата и акушерството,  „Аџибадем Систина“ е најголемата и најмодерна приватна болница во земјата и регионот, партнер на Здравствената групација „Аџибадем“ и  дел од вториот најголем синџир на болници во светот, малезиската групација IHH.