ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Најдолги врски имаат Раковите и Рибите, а кој има најкратка?

Добивај вести на Viber

Во љубовта најдолго траат Раковите и Рибите, а најкратко воздушните знаци. Најверни се копнените знаци, а огнените знаат како да ја разбудат страста во партнерот. Водените ќе ви се предадат, а воздушните по природа се нестабилни во однос на другите

Овен - Си оди штом страста исчезне
Припадниците на овој знак се заљубуваат брзо и со цело срце. Врската со нив е динамична, а нивните чувства се длабоки. Често пати се непромислени, расправиите им се секојдневие, па магичниот круг на кавги и смирувања може да трае прилично долго, односно, додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, Овните раскинуваат. 

Бик - Не сака да остава 
За овој знак може да се каже дека е најлојалниот помеѓу сите. Не се врзува за секој, а оној човек кој ќе го пуштат блиску до себе, го чуваат до крајот на животот. Сепак, многу важно им е каков секс имаат, па ако тој не функционира, можно е да ве лаже. Тоа сепак нема да му го признае на партнерот ниту пак да го остави. 

Близнаци - Не остава, но дава причина за другиот да стави крај 
Во суштина се лојални и не сакаат раскинувања, но својот партнер знаат да го тестираат до крајните граници на љубомора. Понекогаш ги мачи флертувањето со другите, па така на партнерот му даваат причина за да ги остави. Единствено ќе ги смирите ако им најдете долгорочна занимација. 

Рак - Најсреќен е ако има еден партнер за цел живот
Припадниците на овој знак не ги сакаат сомнежите, несигурноста и неизвесноста во љубовта. Склони се кон долги врски, а неретко остануваат и со првата љубов. Сепак, знаат да бидат прилично љубоморни и несигурни, заради што го одбиваат партнерот. Во бракот се верни до крај. 

Лав - Врските им траат од 1 до 2 години 
Припадниците на овој знак внимаваат со кого започнуваат врска и не се заљубуваат веднаш. Сепак, откако се сигурни дека го освоиле спротивниот пол ќе се предадат со страст. Во природата им е работите брзо да им досадуваат, па нивните врски обично траат од 1 до 2 години. Тие се сериозни моногамисти и може да ги задржи само некој на кој целосно му веруваат, и кој може да ги забавува. 

Девица - Ја цени сигурноста во долгите врски 
Во љубовните односи најмногу ужива во фази додека освојува и се додворува. Способни се да бидат верни, затоа што не се премногу фокусирани на сексот. Се смируваат кога од еден партнер ќе добијат емотивна и материјална сигурност, како и почит. 


Следна страна