ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Најдолги врски имаат Раковите и Рибите, а кој има најкратка?
Вага - Долгите врски се втемелени на пријателство
Еден од најискрените знаци чии љубовни врски обично се темелат врз долги пријателства. Се смируваат со еден партнер само ако тој ги задоволува во сексот, но и ако тој се помири со нивната слобода за дружење и запознавање нови луѓе.
Скорпија - Еден од најлојалните знаци
И покрај тоа што ги води еротска енергија, Скорпиите се лојални. Харизматични се и привлечни, па затоа нивните партнери се соочуваат многу љубовни предизвици и љубомора. Скорпиите стапуваат во врска само со луѓе во кои имаат целосна доверба.
Стрелец - Долго размислува пред да се врзе
Овој знак го карактеризира неодлучност кога се работи за емоции, па често пати ни самите не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат и постојано имаат нови желби. Се смируваат само покрај партнер кој им ја дава неопходната слобода. Склони се кон изневерување, но знаат добро да се скријат.
Јарец - Апсолутна верност
Припадниците на овој знак се традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако го направат тоа, веруваат дека ќе трае до крајот на животот. Од својот партнер очекуваат бескрајна верност и добар секс. Децата се лепилото кој го држат Јарецот во брак.
Водолија – И требаат предизвици за да остане
Тешко остануваат со луѓе кои не им се доволно интересни. Различноста за нив е рецептот за среќен живот, но сепак се случува да се заљубат и предадат. Остануваат со еден човек под услов да не се приспособуваат премногу.
Риби - Најверни помеѓу хороскопските знаци
Олицетворение на моногамијата и верноста, Рибите би сакале кога цел живот би го поминале со само еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а од врската може да си заминат само кога ќе се соберат премногу фрустрации за кои нема решение.