Љубовната приказна на Дино Мерлин ќе ве расплаче: Немавме ниту за млеко за бебето!

Никогаш нема да го заборави моментот кога се вратил дома со празни раце и гладен по неговата прва турнеја низ Југославија.

Пејачот Дино Мерлин е еден од најслушаните и најценетите музичари низ цела поранешна Југославија. Иако денес заслужено ги ужива сите придобивки на популарноста, во минатото не било секогаш идеално за него. Како дете, живеел во голема сиромаштија и не можел ни да сонува за луксузот што успева да си го дозволи денес.

- Живеевме тежок живот и немав можност да одам на море. Сега кога сè дојде на свое место, можам малку да пловам. Не чувствувам никакво каење, ниту поради бродот што го имам, ниту поради мојата љубов кон морето - изјави пејачот Дино Мерлин.


Поради сиромаштијата со која се соочуваал во минатото, тој за малку ќе ја изгубел својата животната сопатничка, сопругата Амела, која ретко ја изложува во јавноста. Според пејачот, родителите на Амела не сакале нивната ќерка, студентка по архитектура, да се забавува со материјално нестабилно момче.

- Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична венчавка иако буквално ја киднапирав сопругата. Само нашиот кум и сестрата на Амела, која беше кума, беа со нас. Говорот на матичарот беше предолг за мене, постојано гледав кон вратата за никој да не дојде и да не ни ја расипе среќата - искрено зборуваше Мерлин.

Денес, родителите на Амела го сакаат, иако тој ја „киднапираше“ нивната ќерка и ја однесе на меден месец во Дубровник по венчавката.


- Кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневниот живот. Имав голема одговорност за моето семејство и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да слушнат за неа - се сеќава Мерлин за тие времиња.

Четри децении се во брак, а како што и самиот вели, се уште му е добро со својата сопруга. Нивната љубов никогаш не се соочила со големи проблеми и скандали, а тој е заљубен исто како и првиот ден кога ја видел, на 8 август 1979 година.

Пејачот Дино Мерлин вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога се вратил дома со празни раце и гладен по неговата прва турнеја низ Југославија.


- Жена ми стоеше пред вратата и ме чекаше со бебето. Наида можеби имаше шест месеци, а сопругата Амела штотуку заврши архитектура. Тивко ме праша - ни донесе ли нешто? Немам млеко -

 Немав ниту еден динар. Јас не донесов ништо затоа што не заработив ништо. Имаше големи трошоци. Би дал се‘, да можев да одговорам таа вечер - Да, донесов сто марки - откри Дино Мерлин.

Сепак, љубовта ги надминува сите искушенија на патот на животот, па Дино и Амела успеаја да истрајат во заедницата, со толеранција и меѓусебно почитување. Токму затоа, пејачот покрај песните, својот живот и го посвети на својата сопруга, во знак на благодарност за нејзината љубов и поддршка, која е присутна веќе четири децении.



Фото: Инстаграм/Reflektor/Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Сите ја пееме, но всушност има болна вистина: Тогаш Дино Мерлин се лекувал на психијатрија