Љубовницата на принцот Алберт го откри вистинското лице на најтажната принцеза? Нејзината изјава ги замисли сите...

Љубовницата на принцот Алберт, Никол Коста, јавно проговори за принцезата Шарлин и се чини дека нема убаво мислење за неа.

Стјуардеса по име Никол Коста во јавноста е позната како долгогодишна љубовница на принцот Алберт од Монако, со која го доби синот Александар, кој сега има 18 години и живее со својот татко во неговата палата.

Алберт дури пред неколку години почна да го вклучува својот син во животите на другите членови на семејството Грималди, почнувајќи со роденденски забави и добротворни церемонии, а Никол во неодамнешното интервју за Paris Match го пофали Алберт затоа што убаво го прегрна Алекс, но тоа остана во сенка по грубите зборови кои ги изговори за принцезата Шарлин, односно за жената на Алберт.

Никол тврди дека Шарлин ја искористила првата можност на Алберт да патува и дека го преселила Александар во соба за послугата. По нејзините тврдења, Алберт, според пишувањата на странските медиуми, станал бесен затоа што Никол јавно проговорила за тоа, а неговиот гнев најверојатно ќе биде уште поголем поради новото интервју што го дала за Дејли Мејл.

Да потсетиме, Шарлин се повлече од јавниот живот додека се опоравуваше од емоционална и физичка исцрпеност во Јужна Африка, од која се врати дома по десет месеци и моментално, наводно, престојува во ментална институција. И додека нејзината приказна загрижи и растажи многумина, Никол нема симпатии кон неа.

„Не ми е гајле што ќе ѝ се случи. Зошто да ми е грижа? Сè што и се случува е карма“, рекла Никол која не и простила на принцезата што го ставила нејзиниот син со персоналот во палатата пред нејзината свадба со Алберт вредна 53 милиони фунти во 2011 година.

Инаку, Никол и нејзиниот син летово беа поканети на еден од главните моменти на социјалната сцена во Монако, Балот на Црвениот крст, додека Шарлин се лекуваше од мистериозна болест.

„Луѓето во Монако ме сакаат повеќе од Шарлин. Тие навистина ме сакаат и ме почитуваат", тврди Никол, додавајќи дека останала блиска со Алберт, со кој всушност имала шестгодишна тајна врска.

„Го познавам овој човек 25 години“, заклучила Никол, а Алберт досега не одговарал на нејзините последни коментари и настапи во јавноста, но неговата реакција се чека со нетрпение.


Фото: Профимедиа