ЉУБОВТА САМА СИ ДОАЃА
По две недели поминати во болница, Далибор се врати дома. Со лонгети на раката и на ногата, повредите на главата зараснуваа и се чувствуваше добро. Во тие тешки моменти јас и сестра му Даниела се зближивме. Станавме повеќе од пријателки. Се слушавме на телефон, се договаравме околу Далибор за сѐ што му беше потребно. Дополнително Даниела беше фармацевт и работеше во градската болничка аптека. Со оглед на тоа што таа ја разбираше медицината, ме смируваше со нејзините совети и така почнавме да се дружиме и да пиеме кафе заедно. Од друга страна, со Далибор имавме време и во болницата полека си откривме многу заеднички карактеристики. Тие беа мост што поврзуваа два различни брега. Од ден на ден тој мост стануваше сѐ помал и се случи љубов.
Љубовта не доаѓа веднаш. Прво се случуваат пеперутките, меѓутоа не се доволни – за сѐ треба време. Овие две недели беа пресудно време. Време за нова љубов. Тоа што се случи во колата беше едно физичко искуство – желба за страст. А сега го гледав со други очи. Првите денови кога одев на болница се разделувавме со обични бакнежи, но многу значајни за мене а може и за него. Потоа, продолживме со милување на лицата и на вратот и полека си ги запознававме телата. Јас бев повешта во милувањата затоа што на Далибор едната рака и нога му беа в лонгета и делуваше мошне интересно.
Откако го сместиме Далибор в соба, Даниела ме покани да пиеме кафе, јас нормално прифатив и седнавме во дневната соба. Далибор легна да се одмори, а ние разговаравме и пиевме кафе со вкусни медени колачиња што ги приготвила мајка му.
Потоа заѕвони ѕвончето на влезната врата и мајка му рече: „Заборавив, сестра ми доаѓа да го посети Далибор. Рече дека ќе донесе пита и колачи, тој ги обожава нејзините ванилици“. Влезе тетка му на Далибор со полна торба домашни работи. Циметот од колачите мирисаше уште од влезната врата. Двете сестри многу си личеа. Се избакнаа срдечно, а и мене ме гушна многу нежно и топло, како да ме познава многу одамна.
Јас бев пријатно изненадена. Која разлика од фамилијата на Милан и оваа на Далибор. Тој ми беше сопруг но бевме на гости еднаш и никогаш повеќе. Има една многу убава изрека: „За да ги сакаш другите треба прво да се сакаш себеси“. Едноставно, некои луѓе изгледа ни самите себе не си се сакаат. Фамилијата на Далибор уште не ме познаваше доволно, а беа пријатни и фини.
Далибор беше задремал, а јас и Даниела излеговме на тераса за да си го допиеме кафето. Не се поздравив со Далибор, бев втора смена на работа и заминав на работа. Кога стигнав на работа, ми се јави тој. Беше весел и ме праша зошто кога заминував не сум го разбудила. Му одговорив: „Немаше потреба да те разбудувам. Сакав да се одмориш. Утре сум втора смена и ќе те посетам попладне“.
Се поздравив со него и кога се завртeв сите беа застанати и ме слушаа. Почнав да се смеам а и сите со мене заедно. Со тек на време станавме добра екипа и заедно сѐ доживувавме: болести, смрт, радост, тага и љубов. По работата знаевме да се одмориме, некого да тешиме и секогаш бевме подготвени да си се пошегувавме. Најважно од сѐ е што се сакавме, почитувавме и си помагавме. Ретко ваква сложна екипа. Сите викаа дека јас и шефот најмногу влијаевме за дружењето поради нашиот искрен однос.
Моите, исто така, беа загрижени за здравјето на Далибор. Цело време прашуваа и за сѐ што ќе имав потреба ми помагаа. Секоја ноќ кога ќе дојдев од работа или од кај Далибор за време на вечерата правевме долги утешителни разговори. Моите претпоставуваа колку ми беше важен овој момент со Далибор и затоа секој нивен збор беше многу внимателно избран.
Другиот ден бев наутро на работа и потоа отидов кај Далибор. Мајка му и сестра му кога влегов се подготвуваа да излезат в град. Кога влегов, се поздравија со мене и излегоа. Рекоа дека имале многу работи за купување. Се поздравив и влегов кај Далибор в соба. Беше многу убав, ладен, но и чист ден. Беше пријатно и топло за седење. На мала масичка имаше ставено топло кафе и колачиња.
Кога ме виде Далибор, лицето му се осветли. Седнав до него и полека пиевме кафе. Тој зеде едно колаче и половина го изеде а другата половина ми ја стави во устата. Колачето беше превкусно. Потоа ми се обрати: „Знаеш дека те засакав?“ Јас не знаев како да изреагирам, поцрвенев бидејќи не очекував ваква изјава од него, меѓутоа додадов: „Коренот на човечкото битисување, смисолот на животната филозофија е љубовта. Јас сфатив дека те сакам уште кога ми јави дека си в болница. „Всушност, уште онаа вечер кога имавме секс во колата“.
Меѓутоа, не можев да ја искажам реченицата. Далибор ме приближи кон него и почна да ме бакнува страсно. Со едната рака се обидуваше да ми го откопча градникот. Ја осуетив неговата намера и му помогнав во тоа. Потоа, му ги турнав боксерките надолу и неговата „машкост“ ја проголтав цела.
Тој ги затвори очите и се препушти на уживањето. Со едната рака ги галев влакнестите јајца, додека со другата го држев коренот на „петелот“, насочувајќи го кон усните. Со мојот јазик го лижев околу, а потоа почнав да ја цицам синкавата „главичка“. Почна да го лизгам јазикот по потечената вена, обидувајќи се да го проголтам. Далибор со раката ме притискаше по главата. Изгледа доби желба уште подлабоко да „навлезам“ во него. Со главата ритмички се движев. Беше многу возбуден и не можеше да се воздржи. Во еден момент, тој експлодира во мојата уста. Го погледнав. Очите му беа крвави и светкави со поглед што велеше дека ме сака.
ОСАМЕНА