ЛОКАЛИТЕ ПРАЗНИ, ЦЕНИТЕ НА ЛЕЖАЛКИТЕ САМО ЗА БОГАТАШИ - пропаѓа сезоната во Црна Гора, а ова е причината

Летната сезона во Црна Гора е во полн ек, а гости има како да е претсезона.

Според официјалните податоци на Туристичката организација на Будва, од Јаз до Буљарица летуваат 29.707 туристи, што е за петтина помалку од лани во истиот период. Очекувањата дека ќе ги замениме рускиот и украинскиот пазар во следната година или две се крајно несериозни, предупредува членот на угостителската асоцијација на Будва, хотелиерот Иван Ивановиќ.

Туристичката сезона ги разоткри сите проблеми со кои Будва се соочува со години - од лошата, практично непостоечка стратегија за развој на туризмот, нејасниот концепт дали сака да биде елитна или масовна туристичка дестинација, град на забава или место за одмор, до тоа дека потпирањето на индивидуалните пазари, источните и регионалните, оваа година чини многу.


Детали читајте на Фактор тука.