Лорен Санчез не го испушта мажот кој вреди 140 милијарди долари: Џеф Безос по 5 годни врска ја запроси љубовницата

Добивај вести на Viber

По веридбата, Џеф Безос и долгогодишната љубовница  Лорен Санчез крстареa со јахта која чини 500 милиони долари. Познатиот пар од Шпанија пристигна во Кан каде се одржува Филмскиот фестивал. 

Она што сите забележаа е вереничкиот прстен на раката на идната сопруга на Безос.

Турбулентниот однос кој јавноста го следи од 2019 година е богат со „зачинети детали“. Нема  140,6 милијарди детали, но затоа Џеф Безос ја има токму оваа сума на својата сметка.

Не зажали кога поради врската со Лорен Санчез загуби 38 милијарди долари колку што чинеше неговиот развод од поранешната сопруга Мекензи Скот со која има четири деца. Не е познато ниту како тој реагираше на исмевањето на неговите „валкани разговори“ откако на Твитер беа објавени интимните пораки кои и ги испраќаше на поранешна американска ТВ водителка.

„Те сакам живо девојче“, „Сакам да те помирисам“ Сакам да те вдишам и тоа многу брзо ќе ти го покажам со моето тело, усни и очи“, гласеа дел од пораките, кои слатко ги насмеаа твитерџиите. 

Но, оваа приказна е далеку од смешна. Како што објавија федералните обвинители од Менхетен во 2020 година, спорните пораки му биле продадени на „National Enquirer“ од братот на партнерот на Безос, Мајкл Санчез, откако неговата сестра Лорен му ги препратила.

Новинарите од „Вол стрит журнал“, кои пишуваа за ова, тврдеа дека виделе докази за уплата од 200.000 долари на сметката на Мајкл, со „National Enquirer“ како исплатувач. Целата приказна вклучува фотографија од Џеф Безос, селфи на американскиот милијардер без облека, кое стана предмет на правен спор меѓу зетот и деверот. За потсетување, братот на Лорен Санчез го тужеше Безос за клевета, а неговиот безбедносен тим беше лажно обвинет во 2019 година, тврдејќи дека им дал на новинарите компромитирачка слика.

Пресудата беше во корист на Џеф Безос, кој побара Мајкл Санчез да плати 1,7 милијарди долари за судски трошоци.

Инаку, врската помеѓу Лорен Санчез и Џеф Безос од самиот почеток е изложена на судот на јавноста. За многумина беше спорно дека таа влегла во нова романса додека официјално беше во брак со познатиот агент Патрик Вајтсел, кој, инаку, беше пријател на милијардерот.

„Се збогати и ја остави сопругата со која правеше милијардери“, му замериле на Безос, кој очигледно не обрнал многу внимание на ваквите критики. „Се гледаа тајно додека и таа беше во брак“, беа дел од коментарите кои ја следеа славната двојка.


Фото: LaurenSanchez/Instagram