ЛОТАРИЈА, БОНУСИ, БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ: Како земјите во регионот ги мотивираат граѓаните за вакцини

Добивај вести на Viber

Повеќе земји на различни начини се обидуваат да го зголемат опсегот на вакцинација, а со тоа и да го заштитат населението. Слични мерки има и во сите земји од регионот, но најчесто тие не ги опфаќаат трговските центри. Претставници на трговците во моловите вчера побараа што поскоро укинување на рестрикциите за невакцинираните граѓани и што поскоро да се најде друго, алтернативно решение.

Како аргумент плус е и тоа што во повеќето земји од регионот, кампањите повеќе се насочени кон поттикнување на граѓаните на вакцинација, а  затворањето на вратите на трговските центри за невакцинираните граѓани не беше нивен прв избор.

Во Романија, вакцинираните имаа пристап до културни и спортски настани, вакцинацијата беше задолжителна за следење на одредени настани, како на пример, летни фестивали и половина билети за еврокупот во фудбал на 16 натпревари што се играа во Букурешт од Франција и Швајцарија и можеа да се купат само од вакцинираните. Кога процентот на вакцинирани постепено опадна, властите се одлучија на алтернативни стратегии за стимулирање на вакцинацијата, од пунктови за вакцинација во трговските центри, со воспоставување на пунктови за имунизација на меѓународниот аеродром во Букурешт и дури нудеа бесплатни грицки во маркетите. Исто така, промовираа вакцинирање на врвните туристички места, коишто романските и туристите од ЕУ можеа да ги посетат без да плаќаат доколку истовремено се имунизираа.

Деталите читајте ги на Фактор тука.