Løve Restaurant by Alikas беше домаќин на 7-мото издание на „Гастромак и пријателите“

Добивај вести на Viber

На 09.10.2023 година се одржа седмото издание на „Гастромак и пријателите“, концепт кој претставува едукативна тура која започна токму во прекрасниот Løve Restaurant by Alikas, на само 5 километри од центарот на Скопје.

Врвните гастрономски мајстори на добриот вкус, Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, ги споделија своите кулинарски вештини во импресивниот локал.

Истакнати гастрономи од Балканот, Русија и Германија потврдија дека Македонија е на мапата на готвачката елита, а целиот импресивен настан беше зачинет со препознатливата естетика, исклучителната организација и врвна традиционална храна на Løve by Alikas.

Свечената вечера изобилуваше со прекрасна храна за сите сладокусци кои уживаат во нови палети на вкусови. Внимателно избраното мени вклучуваше македонски гастрономски специјалитети, почнувајќи од македонска салата, печени пиперки со лук и магдонос, телешка чорба, турли-тава, разни видови на макала, пиперки полнети со урда, гравче-тавче со везени пиперки, јагнешко печење, овчо сирење, до десерти без кои не може да се замисли ниту една традиционална македонска трпеза, како слатко од смокви, кадаиф и раванија.

„Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години“ изјави претседателката на „Гастромак“, Адријана Алачки.

Најголемите гастрономски шефови преку своите инспиративни лични сведоштва истакнаа колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи белата готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет.

Тие уживаа во неверојатниот амбиент, суптилниот луксуз и префинетост на Løve by Alikas, кој се етаблираше како еден од најдобрите ресторани во Скопје, продолжувајќи ја традицијата на Alikas wedding and event center.

Со капацитет од 115 гости, овој локал кој зрачи со автентичност и уникатност, е подготвен да одговори на сите ваши потреби за организација на мини-свадби, мекици, родендени, крштевки, коктел-забави, бизнис настани, корпоративни забави, конференции. Неверојатната градина е само мал дел кој ја надополнува префинетоста на Løve by Alikas, а климатизираниот простор на отворено и затворено, како и обезбедениот паркинг за 100 возила под видеонадзор, гарантираат удобност и безгрижност за гостите.

Врвниот угостителски и кулинарски персонал ќе се погрижат за исполнување на сите ваши желби и идеи, и со сите внимателно инкорпорирани детали во просторот и менито, Løve Restaurant by Alikas е дефинитивно првиот избор за посета на ресторан во Скопје и околината.


ПР објава