Лудило во Кан! Најубавата жена во светот носеше ѓердан во облик на бели дробови кои едвај ѝ ги покриваа градите

Добивај вести на Viber

Бела Хадид ги остави сите без здив кога се појави на црвениот тепих на Канскиот фестивал во креацијата на модната куќа Скиапарели! Прекрасно, оригинално, феноменално!

Фустанот е од колекцијата есен/зима на дизајнерот Даниел Розбери, со долги ракави и длабоко деколте што, доколку нема ѓердан, ќе ги открие градите. Но, каква моќна камуфлажа е тоа! Која симболика во годината на пандемијата на коронавирус, нели? 

Изгледот на Бела Хадид во ова издание е повеќе од феноменало, таа изгледа толку добро што публиката остана без здив.  

На социјалните мрежи, луѓето коментираат дека обетките се излишни во овој стил, и ние би се согласиле. Ѓерданот е ефикасен сам по себе и не е потребно ништо друго од накит.

Бела Хадид ја чекаше тешка задача - да ги надмине некои од нејзините најзначајни изданија на Канскиот филмски фестивал оваа година. А, тоа не е лесно.

Дали се сеќавате, на пример, на оваа црвена фурија? 

А, кој би можел да го заборави тоа! 

И, што мислите, Бела изгледа подобро како црвена фурија или во оваа екстравагантно издание со овој автентичен ѓердан?


Фото: Profimedia

Moжеби ќе ве интересира:

Гламур, раскош и престиж: Канскиот фестивал не потфрли, сè во знакот на елеганцијата