Лудило во скопски локал: Сораја и нејзиното момче избркани од кафуле - не сакале ни да си ја платат сметката

фото:instagram.com/sorajavucelic

Сораја Вучелиќ и нејзиното ново момче минатиот петок биле избркани од кафуле во Скопје, а потоа кога вработените во тој локал им побарале да ги платат пијалоците, тие одбиле бидејќи воопшто не им се допаднале.

Старлетата Сораја Вучелиќ и нејзиното ново момче минатиот петок беа избркани од кафуле во Скопје. Инцидентот се случил кога сопственикот на објектот дошол на нивната маса да ги поздрави, но, според изворот за српските медиуми, кој случајно се нашол на лице место, тоа не му се допаднало на партнерот на Сораја. Дрско и безобразно му наредил да се оддалечи од нивната маса, по што настанал хаос.

- Само што Сораја влезе во кафеаната со своето момче, им падна во очи на присутните гости. Со неа беше еден постар господин, кој седеше намуртен цела вечер. Седнаа на слободна маса, а таа се праваше дека е многу важна. Во еден момент сопственикот на кафулето дојде да наздрави со старлетата и нејзиното момче, но тие го избркаа. Сите бевме зачудени од нивното однесување. Можеби нејзиниот партнер бил љубоморен, но шефот сакал само да им посака добредојде бидејќи првпат биле во неговиот објект. Сепак, тој не очекуваше дека ќе доживее непријатност. Кога виде со кого си има работа, се сврте и си замина, а набрзо дојде келнерот и им рече да излезат од кафулето, но дека треба да ја платат сметката - изјави соговорникот за Курир.рс
Според него, Сораја првично одбила да даде пари за тоа што го испиле.

- Навистина ѝ беше непријатно. Со келнерот имаше и човек од обезбедувањето, кој ја следеше ситуацијата. Им рече да ја платат сметката и мирно да го напуштат кафулето. Тогаш Сораја полуде. Таа иронично се насмеа и му кажа на келнерот дека нема намера да ја плати сметката бидејќи е голема ѕвезда која никој никогаш не ја избркал од ресторан. Не ѝ појде од рака затоа што обезбедувањето ѝ кажа дека не им е грижа која е и дека треба да ја плати сметката. Потоа нејзиното момче ги извади парите, му ги даде на келнерот, а потоа излегоа од кафулето - тврди изворот, кој бил присутен на инцидентот.

извор:republika.rs