Луѓето во Plantwear сакаат убави нешта

Добивај вести на Viber

Тимот на млади ентузијасти, идејата за дрвени модни додатоци, за прв пат ја реализира во 2013 година. Нагласеното чувство за дизајн и мода, како и нивното претходно искуство во обработката на дрвени материјали, им дава почетна предност во достигнувањето на голем број задоволни сопственици на дрвените аксесоари. Сите модни додатоци во линијата на Plantwear се изработуваат рачно, во најголема мера од природни суровини. Овој факт ги прави производите на Plantwear исклучително оригинални и единствени, а вложениот труд и посветеното внимание гарантираат за нивната практичност и долговечност.

Посакај и ти #убавинешта!


Plantwear – приказна од природата

За луѓето во Plantwear, природата не само што ги дава најдобрите материјали, туку ги создава и најубавите дизајни, секој различен од претходниот. Таа е бескраен извор на инспирација, проткаена во сите производи на Plantwear. Затоа Plantwear се посветени на одржливо производство, со високо развиена еколошка свест и интенција во природата да се вратат повеќе дрвја отколку што се користат во процесот на производство. 


Plantwear во Македонија

Ексклузивен застапник на полскиот бренд во Македонија e OnTime студио, како надополнување на постоечката понуда на ѕидни часовници, а со цел истакнување на индивидуалиот стил и оригиналност на купувачите.  Во таа насока е и новиот продажен простор кој се подготвува во City Mall.