Луксуз со поглед на океанот каде ноќевање чини 600 евра: Милош Биковиќ со девојката ужива на егзотична дестинација (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Милош Биковиќ отпатува на луксузна дестинација со својата девојка Ивана Малиќ.

Актерот Милош Биковиќ веќе некое време ужива во среќна врска со Ивана, а популарниот пар сега отпатува на егзотична дестинација од каде објавуваат бајковити фотографии.

Милош и Ивана се одлучија за еден од најубавите острови на светот - Бали и таму престојуваат во луксузно одморалиште каде ноќевање чини околу 600 евра.

Актерот и неговата девојка не ги делат сите моменти од романтичното патување, но судејќи по фотографиите кои решија да ѝ ги покажат на јавноста, тие одлично се забавуваат и уживаат.

Одморалиштето се наоѓа директно на плажата Нуса Дуа и има спа центар и отворен базен во лагуната.

Сите вили и апартмани се украсени со традиционални индонезиски ткаенини. Секој има балкон или тераса со поглед на градина, базен или океан. Избраните апартмани и вили имаат приватна топла када или базен.


- Понекогаш правам пауза. Оваа година малку почесто од претходните години. Си ветив. Делумно го исполнив ветувањето. Еве – напиша Биковиќ под една од објавите.



извор:GLOSSY


Се разголи девојката на Милош Биковиќ: Невообичаено издание на убавицата (ФОТО)


Станот на девојката на Милош Биковиќ: Љубозно гнездо уредено со многу стил (ФОТО)