Станот на девојката на Милош Биковиќ: Љубозно гнездо уредено со многу стил (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Црногорката Ивана Малиќ веќе извесно време е во емотивна врска со најпосакуваниот српски актер Милош Биковиќ.

Убавата  Ивана веднаш ја заинтригира јавноста кога се појави со него рака под рака на премиерата на филмот „Јужен ветер 2“, а потоа се појавија тврдења дека избришала дел од своите фотографии од Инстаграм откако јавно ја објави врската со популарниот актер.

Имено, фановите на српскиот актер забележале дека бројот на фотографии на Ивана се намалил од 346 на 264 фотографии.

- Биковиќ не ја следеше Ивана на Инстаграм додека не се појавија заедно во јавност - вели извор за „Блиц“.

View this post on Instagram

A post shared by  (@ivanamalic_)


Сепак, според изворот, работите се промениле откако парот ја официјализирал врската со појавувањето на премиерата на филмот „Јужен ветер 2“.

- Кога пошироката јавност слушна за нив, таа ги повлече сите објави кои алудираа на тоа дека е во врска со познат актер. Па дури и сопствените фотографии, оние на кои позира во костими за капење во провокативни пози. Таа отстрани околу 50 фотографии. Не ми е јасно зошто, кога е убава и привлечна девојка - изјави тогаш изворот за Блиц.


Црногорката која студирала право во Белград си го уредила животот токму онака како што сакала. Домот на Ивана Малиќ е мирен и топол, а таа во него го гради љубовното гнездо со Милош.

Иако врската е сериозна, тие сè уште не се осмелиле да започнат заеднички живот. Меѓутоа, Милош сè почесто е гостин во домот на својата девојка.

View this post on Instagram

A post shared by(@ivanamalic_)


Домот на Ивана Малиќ е младешки уреден. Доминантни се „nude“ тонови и минималистичката декорација. Станот е полн со цвеќиња и огледала, каде Ивана често прави заводливи фотографии.



Извор: www.espreso.co.rs