Мадона: Ми се крши срцето и уништена сум

Движењето за бојкот, откажувањето од финансирање и санкциите против Израел, предводено од Палестинците, ги повикаа уметниците да го бојкотираат напреварот за избор на песна Евровизија.

Кралицата на поп музиката Мадона (60), по повод нејзиниот долгоочекуван настап на финалната вечер на „Евровизија“ во сабота во Тел Авив, изјави дека таа секогаш ќе се залага за одбрана на човечките права и се надева дека во иднина ќе види нов пат кон мирот, изјавија израелските медиуми. Годинава учествуваат музичари од 41 земја и ја следат милиони гледачи ширум Европа.

Мадона наведе дека ги поддржува сите човекови права, коментирајќи ја цврсто својата одлука дека ќе настапи. „Никогаш нема да прекинам да се занимавам со музика за да задоволам нечии политички планови, ниту ќе престанам да зборувам против кршењето на човечките права, без оглед на тоа каде во светот се случуваат.“, додаде таа во соопштението.

„Срцето ми се крши секогаш кога ќе слушнам за невините животи кои се изгубени во тој регион и насилството кое често се поттикнува да им служи на политичките цели на луѓето кои имаат корист од овој антички конфликт. Се надевам и мислам дека наскоро ќе се ослободиме од тој ужасен циклус на уништување и ќе создадеме нов пат кон мирот Јас се чувствувам уништено.“

Нејзината фондација „Зрак светлина““ (Ray of Light) која има за цел промовирање социјална правда и поддршка на жените, подржува многу палестински проекти, пренесува израелскиот Харец.