Мадона по 3 зафати на лицето и многу филери веќе не може ниту да трепне, а еве зошто секогаш носи ракавици

Добивај вести на Viber

Кралицата на попот, Мадона, не престанува да шокира со својот изглед.

Познатата пејачка веќе извесно време го привлекува вниманието на светските медиуми поради разголените фотографии на Инстаграм и оние на кои изгледа триесет години помладо отколку што е поради прекумерната употреба на филтери.

Сепак, најмногу внимание добива кога ќе се појави некаде во јавноста и ќе ја покаже вистинската состојба на работите. Имено, поради низата пластични операции кои не ги признава и разните филери, лицето на пејачката е целосно деформирано, а многумина се прашуваат што и требало да го направи ова во седмата деценија. 

Сепак, поради посебен начин на исхрана, поп-кралицата на 63 години има многу затегнато тело, но нејзиното лице повеќе не е природно, колку и да го криела тоа.

Музичката икона ги диктираше трендовите, а денес, за жал, само слепо ги следи.


Неодамна познатиот пластичен хирург Гери Линков потврди дека Мадона со децении го корегирала своето лице со разни естетски зафати, а негова оценка е дека од 1982 година направила три зафати на лицето, три пати подигнала веѓи, двапати очни капаци и многу пати вбризгувала филери, не го исклучува и фактот дека го отстранила вишокот маснотии.

View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)


Исто така, се чини дека пејачката има импланти во задникот, но често заборава да ги фотографира рацете, кои откриваат колку години навистина има. Затоа речиси секогаш носи ракавици.


Фото: профимедиа/Инстаграм