Мадона повеќе не може да се препознае ни во огледало: Лицето „го пегла“,но не ги покажува рацете, а причината е навистина бизарна
И додека веќе подолго време ја „провоцира“ јавноста со слики на Инстаграм, сега можеме да ја видиме Мадона онака како што навистина изгледа. Нејзиното лице изгледа замрзнато и отечено, додека истото не може да се каже за нејзините раце на кои им недостасува мазноста на нејзиното лице
Во последно време многу се пишува за поп дивата Мадона, но причината повеќе не се нејзините завидни успеси во кариерата, туку нејзиниот физички изглед кој не престанува да ја интригира јавноста.
На 64-годишна возраст таа сè уште има тело на кое ѝ позавидуваат жените двојно помлади од неа, но нејзиното лице е сосема друга приказна.
Покрај тоа што целосно се изобличува со ботокс и филери, таа користи силни филтри на социјалните мрежи за да изгледа како 20-годишна девојка.
Меѓутоа, кога ќе ги погледнете папарацо фотографиите, сè станува јасно за неколку секунди. Сепак, најголемата иронија е нејзината сегашна зависност од пластични операции, на кои некогаш жестоко се спротивставуваше..
„Никогаш не би подлегнала на естетска операција. Самата помисла некој да те заспие, а потоа да те нападне со нож за да те разубави, ми се гади. Мојот изглед им го должам на гените и здравиот начин на живот", изјави таа пред неколку години.
На последните фотографии направени по едно ноќно излегување во Њујорк, можеме да го видиме нејзиното вистинско лице кое упорно го крие, но не може засекогаш да побегне од објективите на фотографите.
Операциите на нејзиното лице минатата година ги анализираше познатиот пластичен хирург Гери Линкоу, кој изјави дека Мадона оперирала сè што можела.
Тој проценува дека од 1982-ра година таа направила три дотерувања, три пати ги подигнала веѓите, а двапати и очните капаци и вбризгувала филери додека не „пукне“. Хирургот не го исклучува фактот дека ставила и забни импланти, но и го отстранила вишокот маснотии.
И додека го средува своето лице во апликации, често заборава да ги среди рацете, а тие не можат да ја сокријат возраста. Освен ако не сте Мадона, па решите да ги скриете со ракавици.
Извор: stil.kurir.rs