Маестралната вокална изведба не беше доволна Васил да влезе во евровизиското финале

Добивај вести на Viber

фото:FB/eurovisoinsongcontest

Маестралната изведба на „Here I stand“ на Васил Гарванлиев и одличниот сценски настап не беа доволни, македонскиот претставник Васил Гарванлиев да обезбеди влез во финалето. Балканските земји доживеаа дебакл. Отпаднаа и Хрватска, која важеше за фаворит на обложувалниците и Словенија.

Шефот на делегација, Александра Јовановска за Женски Магазин изјави:

-Благодариме од срце што ни испративте толку љубов и поддршка откако го видовте настапот на Васил. Ова беше неверојатна евровизиска приказна што заврши со настап со кој сите може да се гордееме. Васил доминираше на сцената и ние се чувствуваме како победници затоа што ја претстави Македонија на највисоко ниво. Се надевам дека Васил донесе среќа и оптимизам во секој дом во нашата земја и сте задоволни што бевме дел од ваква спектакуларна музичка вечер што ја обединува Европа. Васил ја даде сета своја енергија и страст на сцената за својата земја. И покрај тоа што нема да бидеме дел од финалето Македонија покажа дека може да се натпреварува на највисоко интернационално ниво. Една земја ќе го понесе трофејот на крајот, но сите останати заедно ја соеднија Европа заедно по страшната пандемија која ни се случи.


Десетте финалисти од првата полуфинална вечер се: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина.

На  првото полуфинале на Евросонг 2021 кое се одржа на гламурозната сцена во  „Ахој Арена“ во Ротердам, Холандија се претставија 16 земји. Водители на настанот на сите три вечери се Едсилија Ромбли, Шантал Јанзен, Јан Смит, Ники де Јагер 

Минатогодишниот слоган „Отвори се“ („Open Up“), е задржан и во 2021 година, како потсетник дека и по сите лоши нешта, треба да останеме отворени и позитивни. Според Сијетс Бакер, извршен продуцент на Евросонг, овој слоган најдобро ја отсликува холандската култура и отвореност кон сè и секого.

Дизајнот на сцената е инспириран токму од слоганот и е типичнио рамен холандски пејзаж. Дизајнер е Флоријан Видер, кој со години работи на сцените за Евросонг. Годинава „Зелената соба“е сместена во Арената,за разлика од Тел Авив,каде што беше надвор.

Настанот го отвори Данкан Лоренс победникот на Евровизија 2019 која се одржа во Тел Авив, Израел. Во шоу програмата на првото полуфинале наречена „Моќта на водата“ во која се истакна поврзаноста на Холандија со магиите на водата, настапија пејачката Давина Мишел и актерката Текла Рутен.

Во текот на второто полуфинале кое ќе се одржи во четврток, шоу програма ќе има балетанот Ахмад Јоудех за чија танчерска кореографија е задолжен светски познатиот кореограф Сиди Ларби Черкауи  Заедно со Ахмад ќе настапи и возачот на BMX, Дез Маарсен , кој својот настап ќе го изведе на сосема нов велосипед, специјално прилагоден на настапот што го подготвува.

Во шоу програмата на големото финале ќе настапат Афроџек, Гленис Грејс и Вулф,кои ќе изведат посебен проект, наречен „Музиката нè поврзува“.Овој проект се состои од два дела и ќе биде комбинација на класична и модерна електронска музика. Во првиот дел, музиката ќе биде претставена преку филм во режија на холандскиот режисер Тим Олиехок , а на Афроџек и оркестарот ќе им се придружи и пејачот Вулф. Во филмот ќе имаме можност да го разгледаме центарот на Ротердам и Ерасмусовиот мост, кој е симбол на градот. Во вториот дел, дејството ќе се одвива во „Ахој Арената, кадешто Афроџек и Гленис Грејс ќе ја загреат атмосферата со својот настап и ќе ги подготват гледачите за објавување на резултатите од публиката и жирито.

Фаворити за победа на обложувалниците се Италија, Франција, Малта, Кипари Исланд.

Настапот на Васил:


(С.А.Н)