Магдалена се разболела на 6 години, на 11 останала без мајка, а ја спасила трансплатацијата на бубрег: Лавовска борба која буди вулкан од емоции

Добивај вести на Viber

Од раното детство се борела со здравствени проблеми, поради кои пораснала преку ноќ. Трансплантацијата на бубрег пред пет години ѝ го променила и ѝ го спасила животот. За нејзината лавовска борба раскажува Магдалена Благојевиќ од Белград. За тешки моменти, пресврти, победа за здравје. Таа со многу љубов зборува за својата мајка, која и била голема поддршка.

„Мојата борба започна кога имав шест, седум години. Детето на таа возраст ретко е свесно за одредени работи околу себе и зрело за нив. Сепак, јас тогаш го разбирав животот како да имав 17 години. Така ги набљудував животните пречки, да не речам одлуки, но едноставно така го доживувам тоа што ми се случува. Знаев уште од првиот напад и болки во бубрезите дека ќе бидат тешки времиња - за мене и за моето семејство. Размислував се тоа е живот, сигурно се ќе биде добро и во ред, колку и да е потребно“, вели Магдалена Благојевиќ.

„Баба сакаше да вресне од тага“

По тој напад Магдалена заминала на лекарски преглед. Брзо било утврдено дека е во трета фаза на болеста, која ги зафатила двата бубрега.

„Останав малку подолго во болница поради прегледот, ми дадоа лекови кои ја одржуваа функцијата на бубрезите додека бев помала. Но, сепак дијализата мораше да се случи. Лекарите ова им го кажаа на баба ми и на постариот брат, кои ми објаснија што се случуваше и зошто морам да одам на дијализа.

„Мојата баба, на која сум ѝ цблагодарна до небото за се што направи за мене и која ми беше огромна поддршка, во тој момент се обиде некако да застане на нозе, иако можев да видам дека сака да вресне од тага и да пропадне, но таа силата на надежта дека ќе бидам добро и дека ќе надминам се, беше посилна.

Потребна е многу сила во такви ситуации. А луѓето се борат со многу потешки работи и со многу потешки болести, сигурна сум во тоа. Верата е најсилната сила во сè, како и надежта за подобро утре - дека ќе биде подобро за пет дена или пет години, лошите моменти не можат да траат вечно, ниту доброто секогаш може да остане со тебе, тоа е животот, кој нѐ прави посилни“ вели храбрата Магдалена.

„Мајка ми доби шеќерна болест од стрес, последен пат ја видов во болница“

И нејзината мајка се борела со се што и се случило на Магдалена. Ни кажува за неа со многу љубов, болка, благодарност:

„Мајка ми почина за време на тој тежок период на мојата борба. Имав 11 години, се сеќавам. Знам дека таа доби дијабетес кога дозна од што страдам. Се разболе од преголема грижа и стрес. Не знаев за тоа тогаш, не ми беше кажано за да не ме исплаши и да не создаде дополнителна грижа, но како дете одлично ги поврзував работите.

Последен пат кога ја видов, бев во болница, таа дојде да ме посети, секако со полни торби со се, од играчки до слатки. Таа имаше големо срце, а потоа почувствував дека нешто не е во ред, дека не ѝ е добро.

Таа се грижеше за мене, ми ја даде сета своја љубов и беше свесна дека мора да ме остави во болница. Знаеше дека сум силна за неа, полна со сила и дека ќе протуркам што и да ми донесе животот.

По месец-два доживеала срцев удар, еден по друг. Третиот не го преживеала. Бев во болница кога таа почина. Не можев да ја видам ни за момент. Кога дојдов дома, дури тогаш дознав. Смртна белешка на капијата - кое дете знае каква е таа слика. Тогаш сè во мене пропадна. Постојано си велев дека тоа не смее да биде вистина, иако знаев дека е. Кога влегов дома, ми кажаа“, се присетува Магдалена, која во тоа време „на толку млада била и најсилна“.

„Потоа се борев уште посилно, поради мајка ми, поради себе, поради луѓето кои беа тука за мене и останаа со мене. Сепак, морам да кажам дека не очекував дека мајка ми нема да го доживее најубавиот дел од мојот живот, моето растење, среќа, тага, што нема да чека да ѝ кажам се.. Тринаесет години е многу време кога некој ќе го нема, да поминат дупло години... Таа беше најдобра мама на светот и најголемиот поддржувач и најголемиот борец. За толку кратко време поминато со неа ме научи да станам добра личност, силна девојка. Знам дека е тука иако душата и е со Бог, таа е таму, ме гледа и верувам дека е горда и среќна на мене денес“.

Трансплантацијата ме спаси од толку болки, мачнини, игли...

Магдалена вели дека веста дека ќе оди на трансплантација на бубрег ја добила кога најмалку очекувала. Зборовите не можат да го опишат тој момент кога сè почна да се менува, на подобро.

„После толку време, толку долга борба да добијам бубрег за да се реши сè со една трансплантација. Да исчезнат сите мачнини, лекови, игли, боцки, толку многу болки во телото - од сè. После секоја дијализа имав чувството дека станувам се послаба и послаба, а последната дијализа беше тешка. Потоа беше извршена трансплантација и добив кадаверичен бубрег (кадаверичната трансплантација претставува трансплантација на органи од починат на жив)“, нагласува Магдалена.

Операцијата поминала без ниту еден проблем. Таа е благодарна на големиот тим лекари, на семејството донатори кои во најтешкиот момент го потпишаа договорот за донација и покажаа голема хуманост, би сакала еден ден, ако е можно, да дознае кој и дал шанса за нов животот. Магдалена брзо закрепнала по операцијата, но пред операцијата имала анксиозност.

„Се прашував дали ќе ми одговара бубрегот, како ќе оди сето тоа, дали ќе има компликации, се плашев, но се помина добро, затоа можам да кажам дека денес, пет години по трансплантацијата, се чувствувам прекрасно, слободно, убаво, полна со живот, постигнав дел од моите желби и цели. Изминативе години малку се мачев со училиштето, како да се вклопам на часови поради мачнините. Порано пропуштав часови поради дијализа, но професорите беа многу разбрани и ги знаеја сите детали, со што се борам“.

И покрај сета борба за здравје, Магдалена завршила средно медицинско училиште.

„Работам со луѓе и им помагам, бидејќи знам како се чувствував порано, знам што е страв и како да ги надминам стравовите, какви и да се тие. Знам дека мајка ми ќе се гордееше со мене, ако ме види сега, по толку години после тоа таа замина, за да види колку станав силна, но знам дека ме гледа од горе, таму гледа сè и знае сè“, вели таа.


извор: женаблиц.рс

Фото: фрипик